Марио Несторовски е моделот во нашиот „Предлог на денот“ во модниот проект „Fashion in Skopje“. Тој има 26 години, работи на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и како хоби се занимава со менаџерство во кафулето „Нола бар“. „Предлог на денот“ сe нашите пријатели „Signori“.
Марио Несторовски е моделот во нашиот „Предлог на денот“ во модниот проект „Fashion in Skopje“. Тој има 26 години, работи на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и како хоби се занимава со менаџерство во кафулето „Нола бар“. „Предлог на денот“ сe нашите пријатели „Signori“.
Н.С.: Со оглед на тоа дека менаџирањето ти е хоби и си цело време присутен по забавите во „Нола бар“, забележуваш ли луѓе што знаат добро да се носат?
М.Н.: Секако дека забележувам. Има луѓе кои знаат добро да се носат, но и такви кои шарената боја им е омилена. Генерално, Скопје знае да покаже што има, а тоа е стилот кој не отсликува сите нас.
Н.С.: Колку внимаваш на себе и својот изглед?
М.Н.: Внимавам, но и не се оптеретувам премногу. Сакам да уживам во она што го носам, а и да ме претставува мене и мојот карактер. Никогаш не би носел нешто кое го наметнува модата.
Н.С.: Мислиш ли дека се вклопуваш во групата на џентлемени?
М.Н.: Има одредени моменти во кои тоа особено го изразувам, меѓутоа сето тоа зависи од ситуацијата и личноста за која се работи. Сепак, си стојам на домашното воспитување и почитта кон поимот жена и дама.
Н.С.: Како се чувствуваш во ова што го носиш на себе?
М.Н.: Најпрво, се чувствувам пријатно и посебно. Ова што го носам е облека на македонскиот бренд „Signori“, за кои имам големи пофалби. Освен што убаво ми стои, колку што можете да видите од фотографиите, ме прави да се чувствувам моќно и урбано. Ова е рачно изработеното Original Glen Check сако со широк класук ревер и Navy GC марамче. Креативно од нивната страна е што имаат и рачно изработена кожна футрола за iPad и кожен паричник. Едноставно најдобри. Луѓето од „Signori“ се исто толку пријатни и секогаш професионални во тоа што го работат и навистина им благодарам што постојат, бидејќи неопходни им беа потребни во нашиот град.
Н.С.: Нола бар е местото за добра забава, но што би додал на ова? И секако, една модна препорака до читателите на Пулс24.
М.Н.: Повелете во „Нола бар“ да уживате со нас на поинаков начин, со одлична програма и пријатна атмосфера во кое било време од вашиот дневен ред. Во поглед на модата, само би им препорачал да бидат свои, а не нечија копија.
Облека: Signori (Рачно изработено Original Glen Check сако со широк класук ревер и Navy GC марамче, рачно изработена кожна футрола за iPad и кожен паричник)
Фризура: Милена Цапов (Urban Artist)
Фотографии: Николина Славковска
За повеќе фотографии следете не ` на Фејсбук: Fashion in Skopje, како и на Инстаграм профилот: @fashioninskopje.
Марио Несторовски е моделот во нашиот „Предлог на денот“ во модниот проект „Fashion in Sk