Маркарт ве поканува на Инфо – денот за вработување во Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес во сабота, 4 октомври, 2014 година. Заинтересираните кандидати можат да присуствуваат на различни сесии во училниците на училиштето од 10:00 до 16:00 часот за да дознаат повеќе за Маркарт како работодавач, како и за конкретни информации за работни места.Вкупно 4 различни оддели ќе бидат претставени во посебни училници на 4 октомври 2014 година и на секој час ќе се одржи кратка презентација на одделите за производство, логистика, квалитет, како и администрација. На крајот, претставник од секој оддел ќе биде на располагање за размена на мислења и одговори на прашања. Понатаму, Маркарт ќе има и училница во која ќе се презентира себеси како компанија и како работодавач. Потенцијалните кандидати можат да добијат драгоцени информации и да ги предадат своите биографии на самото место, доколку се заинтересирани. По Инфо – денот за вработување, Маркарт ќе ги прегледа и оцени биографиите и ќе воспостави контакт со кандидатите кои ги задоволуваат потребните критериуми за да ги покани на интервју.
Маркарт во моментов бара таленти. Со нивна помош, германската семејна компанија сака и понатаму да се прошири и да го развива производството на технолошки напредни компоненти за реномирани европски производители на автомобили. „Во моментов имаме различни слободни работни места во Македонија. Тоа се атрактивни работни места во интересни полиња кои овозможуваат контакт со нашите странски локации во рамките на една меѓународна компанија. Истовремено ги планираме нашите први обуки во нашите локации во Германија и Романија и бараме мотивирани луѓе кои сакаат и можат да работат самостојно, кои се подготвени да учат и кои ќе го промовираат и предизвикуваат нашето глобално тимско размислување,” вели Волфганг Аихер, генерален директор на Маркарт Македонија.
Еден дел од концептот за идната обука на вработените во Македонија е соработката на Маркарт со регионалните стручни училишта. Овој концепт е сè уште во развој.
Со цел мултидимензионалните технологии и производи да се пласираат на пазарот на висококвалитетен начин, г-дин Аихер има формулирано специфични барања за кандидатите. „Нашите високи барања за квалитет доаѓаат од нашите премиум клиенти. Да не заборавиме дека буквите Q-U-A во средината на името на нашата компанија симболизираат дека концептите за квалитет се камен – темелник на нашите дела и дејствија. За да можеме да го одржиме ова ветување кон нашите клиенти, бараме висока свесност за ова од нашите вработени,“ продолжува Аихер.
Маркарт ќе изгради погон во Велес за производство на пластика и електроника, како и производна лента. За овие оддели и нивните придружни функции, компанијата им нуди нови можности на квалификуваните работници, младите професионалци, дипломираните студенти и лицата кои бараат вработување. „Главниот фокус е на вработување кандидати кои веќе имаат искуство за позициите кои се нудат. Лидерски способности или стручни знаења, на пример во ИТ, како и искуство со SAP, се сметаат за предност, во зависност од позицијата,“ вели Волфганг Аихер. Исто така, постојат многу отворени позиции за поедноставни работни места. Маркарт планира вкупно 500-600 нови работни места во следните пет години. За овој германски автомобилски снабдувач, атмосферата на работното место е најмалку исто толку важна како и квалитетот на производите. Според тоа, Маркарт ќе интегрира сопствена кафетерија во новата фабрика и ќе се потруди да најде можности за превоз на вработените од околината.
Повеќе информации за позициите кои Маркарт Македонија во моментот ги нуди, заинтересираните кандидати можат да добијат на www.vrabotuvanje.com.mk на втората страна.Вкупно 4 различни оддели ќе бидат претставени во посебни училници на 4 октомври 2014 година и на секој час ќе се одржи кратка презентација на оддел