Според реконструкцијата на Марков, планот за воена хунта во Украина ќе стане и повеќе од очигледен во наредниве 3 дена.„Откако конфликтот во Украина и преговорите за снабдување со гас се развлекоа, тајниот штаб задолжен за кризата во Украина реши да ги забрза работите.
Сметам дека ако ги земеме предвид полупризнавањето на Порошенко од страна на Москва и посетата на Путин на Нормандија, ќе сфатиме дека Москва нема активно да му помага на побунетиот Донбас.
Москва би капитулирала ако и се изврши притисок. Поради тоа:
1. Било организирано „провлекување“ во јавноста на еден телефонски разговор помеѓу Арсениј Јацењук и Алексеј Милер, шефот на Гаспром, каде тој вели дека се ќе поднесе. По ова, Милер воведе построг рок за Украина да го плати долгот – до 16-ти Јуни.
2. Така е одбиен рокот за разрешување на кризата.
3. Веднаш потоа украински воени возила и авиони навлегоа во територијата на Русија, а пред руската амбасада во Киев имало протести.
4. Како изговор за воените дејствија ќе се искористи урнатиот авион II 76.
5. Така гасната криза ќе се поклопи со почетокот на масовна примена на оружје за масовно уништување во Донбас.
6. Потоа ќе се објави вистинска војна помеѓу Русија и Украина, поради руските агресии.
7. Ќе се направи се што е потребно за Москва да се уплаши и да го остави Донбас на цедило.“„Откако конфликтот во Украина и преговорите за снабдување со гас се развлекоа, тајниот штаб задолжен за кризата во Украина ре