Хрватските медиуми објавија доверливи масонски документи, поради кои во тамошната јавност се крена огромна прашина. Никој од припадниците на тајното друштво се нема огласено.Масоните наредија Европа да прими бегалци
Имено, дури 28 големи ложи на слободните ѕидари потпишале службена изјава во која, со ретко видена отвореност, го разјаснуваат феноменот на населување без ограничување и без правила кој ја парализира Европа. Феноменот прави сѐ поголем раздор помеѓу елитата и народот.
Меѓу потписниците се наоѓаат: Големиот ориент на Франција, Големата ложа на Австрија, Големиот ориент на Швајцарија, Големата ложа на Франција, Големиот ориент на Белгија, Големиот ориент на Хрватска, Големиот ориент на Ирска, Големата ложа на Италија, Големиот ориент на Луксембург, Големиот ориент на Полска, Големиот ориент на Португалија, Големиот ориент на Грција, Женската голема ложа на Турција и уште многу други.
Масоните од европските лидери не бараат само прифаќање на бегалците, туку многу повеќе од тоа. Тие од европските лидери очекуваат масовно примање и имплементирање на бегалците во општеството на долгорочен план. Масоните од цел свет на тој начин покажаа зачудувачко единство кое се огледува низ тактичка конвергенција со службените стратегии на ЕУ и нејзините членки. Потполната еднаквост помеѓу слободното ѕидарство и политичките функционери е ретко искажана на ваков начин.
„Согласноста има една цел – рушење на темелните елементи на нашата општествена заедница како што се татковината, идентитетот, народот“ – пишува Corrispodenza Romana.
Службениот документ на масонските ложи го образложи барањето за вселување без ограничувања, без национален егоизам и давање на предност на општите интереси кои не се одблиску дефинирани и кои бараат иновативна политика на гостопримливост.
Ложите не ги спомнуваат само возвишените намери, туку праќаат и опомени. Ако владите не ги држат отворени границите и со тоа не го исполнат нивното барање, ќе дојде до „поделби и конфликти“ и до „повторно оживување на национализмот“ во Европа, а тоа е нешто што мора да се сотре.
Инаку, масонеријата е во директен конфликт со католичката Црква којашто таа ја имаше протерано уште од 1738 година, кога на католиците им беше забрането да влегуваат во масонски друштва. Денес постојат масонски наредби кои мора да ги спроведува католичка Европа. Целта е едноставна: уништување на католичката Црква, христијанството, но и на сите други народи, како и воспоставување на едноумие.
„Европската унија мора да биде модел на идна светска држава – таа мора да ги опфати земјите на Блискиот исток и северна Африка“ – изјавил Дејвид Милибенд за Би-Би-Си во далечната 2007 година.
Малку кој знае за Милибенд, иако овој човек е лице кое треба да се запамети. Тој е консултант на многу светски конзорциуми, влади итн. Член е на Рокфелеровата Трилатерална комисија.
Тој наликува на глобален менаџер – бил најмлад министер за надворешни работи во Велика Британија, неговиот брат до скоро бил лидер на лабуристичката партија во Англија, бил главен во светскиот врв за океанографија и одржлив развој. Освен тоа, како поранешен министер за надворешни работи, тој има изјавено уште неколку работи! Освен што во 2007 година јасно најавил дека Европа е Нов светски поредок во мало, тој рекол дека за остварувањето на таа цел мора и смее да се употреби мека и тврда сила.
По сето ова, јасно е дека овде не станува збор за вонредни настани што ѝ се случуваат на Европа, туку за детално испланирана реалност.
Дури и телевизиските новинари на границата во Товарник, во вторникот јасно рекле дека додека чекале автобуси во Шид кај хрватската граница, виделе изграден прифатен центар кој стои празен веќе година дена!Масоните наредија Европа да прими бегалци
Имено, дури 28 големи ложи на слободните ѕидари потпишале службена изјава во кој