Полевањето со ладна вода и предизвикување на другите да го направат истото, со цел хуманитарна акција за собирање на пари за истражување на лекот за АЛС (ALS) – невролошко заболување попознато како Лу Геригова болест, стана многу популарно низ целата планета.Во САД за неколку недели се собрани повеќе од 13 милиони долари, а предизвикот го прифатија холивудски ѕвезди, спортисти, па дури и поранешни американски претседатели.
Едвард Бернајс напиша дека ”свесната и интелигентна манипулација за организирани навики и уверение на народот дека е важен елемент од демократското друштво, е дека тие кои манипулираат со овој невидлив механизам ја прават владата невидлива.”
На паметните не им е тешко за заклучат дека со полевањето со ладна вода всушност се привлекува вниманието на јавноста и очигледно таа стратегија вродува со плод. Затоа што сите овие денови зборуваат за полевањето, логично дека никој не зборува за ситуацијата во Фергусон, злочинот во Палестина и итн.
Со помош на интернетот и медиумите, цел свет се полева со вода, а дел не знае зошто го прави тоа. Се работи за лансирана реакција, ако нешто промовираат холивудските ѕвезди, тогаш цел свет го прави истото без никаков приговор. Безмисленото полевање со кофа ладна вода се повеќе изгледа како показна вежба, моќта со управување на човечкото однесување и многумина кои го прифатија предизвикот, симболички прифатија доброволно ропство и диктатура. Повикот “те предизвикувам” добива магичен призвук, масовното полевање со вода не е ништо друго освен друштвен експеримент. Хуманитарната акција за собирање пари е само покритие.
На многумина ова им е забавно, на други смешно, но на трети од ова глупирање со вода и кофа “им се дига косата на главата”.Во САД за неколку недели се собрани повеќе од 13 милиони долари, а предизвикот го прифатија холивудски ѕвезди, спортисти, па дури и поранешни амери