Маж од Унгарија ја бара Македонката која ја спасил од давање во Грција

На адресата на радио фортуна пристигна меил од Јанош кој е од Унгарија во кој побара помош  за да ја пронајде девојката од Македонија која ја запознал на одмор во Грција.
 На адресата на радио фортуна пристигна меил од Јанош кој е од Унгарија во кој побара помош  за да ја пронајде девојката од Македонија која ја запознал на одмор во Грција.
Го пренесуваме неговото писмо и ние и Се надеваме дека девојката ќе се препознае и ќе може да го исконтатира Јанош на неговиот меил. Тој има многу голема желба да стапи во контакт со девојката и се надеваме дека со објавување на неговото писмо ќе му помогнеме да ја реализира својата желба.
Неговото писмо гласи:
Го поминав летниот одмор со моето семејство во Грција, во Олимпик Бич, во втората половина на август 2013 година. Додека престојував таму и го спасив животот на една девојка од Македонија од давење во вода. Настанот се случи на 23 август. За жал, во целата ситуација сите бевме збунети и исплашени и немавме можност подобро да се запознаеме и да размениме контакт. Не успеавме ни да се сликаме. Девојката ми остави голем впечаток и навистина сакам да ја запознаам подобро, и да дознаам што се случи со неа од тогаш. Ве молам ако може да ми помогнете, да добијам информации за да можам да контактирам со неа. Ако не можете да ми помогнете, Ве молам ова писмо да го испратите на друга локација. 
Ви благодарам однапред Јанош Ердеи од Унгарија.“
Искрено се надеваме дека со објавување на ова писмо ќе му помогнеме на Јанош од  да ја пронајде девојката од Македонија на која и го спасил животот и која воедно му оставила силен впечаток.
Девојката која ќе се препознае во неговото писмо може да исконтактира него на следниот меил:[email protected]На адресата на радио фортуна пристигна меил од Јанош кој е од Унгарија во кој побара помош  за да ја пронајде девојката од Македониј

Пронајдете не на следниве мрежи: