McDonald’s го лансира својот прв вегански хамбургер

По тригодишно истражување и развој McDonald’s наскоро ќе го лансира својот прв вегански хамбургер во Обединетото Кралство.
Долгоочекуваниот McPlant има плескавица од зеленчук развиена во соработка со Beyond Meat. Компанијата им ветува на клиентите веганско сирење базирано на протеин од грашок кој „има вкус како на познатите парчиња сирење McDonald’s“.
Ќе се сервира во веганско пециво од сусам со вегански сос, зелена салата, кромид, домати, кисели краставички, кечап и сенф.
Новиот хамбургер, кој ќе чини 3,49 фунти, ќе се нуди во десет ресторани на McDonald’s во Ковентри од 29 септември, пред да биде проширен на дополнителни 250 ресторани низ Обединетото Кралство, од 13 октомври.


McPlant ќе биде подготвен одделно од другите производи на McDonald’s користејќи специјални садови за готвење. Хамбургерот е сертифициран од Вегетаријанското друштво и содржи 429 калории.
Мишел Греам-Клер, главен директор за маркетинг во McDonald’s во Обединетото Кралство и Ирска, рече дека е многу задоволна што конечно го лансираат McPlant во Велика Британија и Ирска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.