Медена земја, една поинаква критика. Очи широко отворени

МЕДЕНА ЗЕМЈА? ОСКАР?
-Одличен трејлер, нема што!
Трејлер кој ве МАМИ да си замислите еден прекрасен филм за Македонската природа, традиционалното Македонско пчеларење, природниот, неконтаминиран и независен живот во Македонските села, убавините на МАКЕДОНИЈА….
-И намамен од интересниот трејлер отидов да го гледам овој толку помпезно промовиран и нашироко рекламиран Македонски филм, со надеж дека би виделе на Македонското платно конечно нешто ново, позитивно, креативно, и нешто со што Македонија би се гордеела во светот.
-НО.НО,но….наместо филм и доживување, јас неочекувано платив КИНО карта за (трагична СТОРИЈА од- КОД на Лупевска)!
Ниту нешто НОВО видов, ниту нешто особено ме воодушеви, со исклучок на неколкуте КОМИЧНИ ситуации со жената и децата на семејството кое наводно ја (тероризираше Атиџе), а тие само се обидуваа исто како нејзе да преживеат во истите услови и под слични околности како нејзе. Па дури гледачите некако се ставени во улога да ОДБЕРАТ СТРАНА за кого да навиваат или кого да жалат повеке. Јас би рекол дека поскоро би ги жалел и двете страни за тешкиот живот на кој се подложени во една ваква НЕФУНКЦИОНАЛНА држава, каде се приморани да бидат конкуренти и конфронтирани заради одсуството на СОЦИЈАЛА и државен СИСТЕМ во функција на граѓаните,а не на функционерите и олигарсите.
Би ги сожалил и за улогата и светлото во кое се тие самите прикажани не само пред очите на цела Македонија ,туку во целиот свет. Представени како БЕДНИ, неуки, прости, валкани, без ред, воспитание и култура…едноставно ДИВЈАЦИТЕ од Македонија.
-Е тука конечно се отвараат прашањата…
дали навистина се тие такви, какви намерно или ненамерно се прикажани на филмското платно,
дали во Македонија состојбата е навистина таква цело време,
на кого му оди во прилог негативното представување на Македонија и се што произлегува од Македонија, малку ли беа понижувањата пред светот и представувањето на Македонија и Македонците преку негативни пропаганди со (Пред дождот, Џипси Меџик, Шампионите на Шутка, Збогум на 20-тиот век, ….и ред други , па ви фалеше и Медена земја)?
-Кратко СИЖЕ…Атиџе живее заедно со својата стара, изнемоштена, болна мајка, не е мажена, нема свое потомство ниту роднини кои да и помагаат. Живеат во опустошено село без луѓе, и без основни цивилизацијски придобивки (струја, вода, канализација). Се бави со традиционално одгледување на пчели, исто онака како што се бавеле сите наши предци во минатото до пред не повеке од 70год. НИШТО РЕВОЛУЦИОНЕРНО ниту НОВО не открива филмот, барем не во областа на Пчеларството. Единствената разлика по која се разликува пчеларењето на Атиџе и нејзиниот Мед од оној на поголемиот број пчелари денес, е тоа што нејзините пчелни кошници не се од (модерен тип-класични сандаци), и нејзиниот Мед е вистински мед кој таа не го меша со гликозен сируп или шекер за да постигне комерцијален ефект. Нејзините пчелни кошници се стари камени плочи и зидови од стари урнати домови во селото, стари плетени кошери измачкани со кал, и стебла од дрва и една мала дупка-пештеричка во ридот. Нејзините пчели одат и собираат полен и прават мед од исти цветови како и сите останати пчели во Македонија за кои би се грижел секој совесен пчелар кој одбегнува пестициди, xемијски третмани и загадување, и кој не го меша медот со други супстанции.
Атиџе им остава половина од Медот на пчелите а половина им го зема…тоа е делот кој најмногу ги фасцинира и манипулира урбаните и недоволно едуцирани гледачи на филмот, и токму тоа е делот кој најмалку го разбираат но и му се восxитуваат.
А ШТО БИ БИЛО ако Атиџе им го земе целиот мед, не се запрашуваат? Па Атиџе со тоа би ги убила-уништила пчелите и не би била никаков xерој во приказната, и не би имала ни Мед за себе. Таа не се грижи со ништо особено за пчелите освен што им го зема-собира половина од медот, кој пчелите без нејзината интервенција самите би го искористиле ,впрочем затоа и самите без нејзина помош и го произвеле. Ако земањето на половина од туѓиот Мед или туѓиот ТРУД е некаков подвиг, тогаш се извинувам. Но ете и Атиџе се снашла, па во дисфункционална држава и непостоечки систем успева да преживее како и сите останати во Македонија. И ако МЕД има доволно и за Пчелите и за нејзе ,тогаш тоа се вика (self-sustainable), СИМБИОЗА или коегзистирање на човек со пчели и природа како што било одсекогаш. Тоа го прават и Македонските сточари со векови наназад искористувајки ги млекото, месото, волната и кожите на животните за кои тие се грижат многу повеке одошто е грижата на Атиџе за пчелите.
Она за што МЕДЕНА ЗЕМЈА добива најмногу внимание и секако добива адмирации и восxит надвор од Македонија ,особено на ЗАПАДОТ ,е токму она што е негативното во филмот, а тоа е несреќата на Атиџе и нејзината болна мајка, како и несреќата и животот на комшиите на Атиџе кои живеат како пред 2 века, без основни цивилизацијски и човечки потребности. Западот се фасцинира дека сеуште постојат такви (првобитни заедници) во едно вакво модерно и теxнолошко развиено време. Интересни им се животни ситуации кои се за нив апсурдни и туѓи, и не се дел од нивните напредни општества. Ситуација во која Атиџе самата без помош од држава или било кој друг, без струја, вода, канализација, без подна покривка во домот, со приправени кревети од даски, без продавница, болница, полиција во близина, ја чува својата болна и изнемоштена мајка….за нив е несватливо, шокантно и затоа и фасцинантно.
-Токму како таква заостаната, забегана, нефункционална држава и систем се представува Македонија со децении наназад преку филмското платно во светот, а вие се чудите зошто никој не не почитува како народ и држава, и не не препознава како лулка на цивилизацијата, демократијата, мирот?
ОСКАРИ за БЕДА, СИРОМАШТИЈА, БЕЗИЗЛЕЗНОСТ…фала ,АМА НЕ фала!
До кога ке дозволуваме некој вештачки да не идентификува нас Македонците и Македонија со заостанатост и беда?
Не е ли доста од драми и трагедии, не е ли време за позитива и барем еден (happy end) за МАКЕДОНИЈА?

МЕДЕНА ЗЕМЈА? ОСКАР? -Одличен трејлер, нема што! Трејлер кој ве МАМИ да си замислите еден прекрасен филм за…

Posted by Goce Makedonec Gugulovski on Wednesday, January 15, 2020

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.