Медиумите кои се учесници и поддржувачи на вандалските протести на СДСМ и Сорос продолжуваат со непринципиелното и неизбалансирано информирање со несмален интензитет.Овие медиуми кои за СДСМ се „фер и балансирани“ континуирано отстапуваат илјадници секунди и објавуваат стотици написи секој ден во полза на лагите и манипулациите на СДСМ, додека истовремено ги извртуваат ставовите и неаргументирано го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ.
Тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ беа промовирани во 735 секунди на централните вести на ТВ Телма, а ТВ 24 Вести на наративот идентичен со тој на СДСМ и на неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ посвети 1022 секунди во еден блок на централните вести. Пропагандата на СДСМ на нивните омилени телевизии беше застапена со вкупно 1.757 секунди во само еден појас на информативни програми.
Во месец март СДСМ доби 146.850 секунди за ширење на својата манипулативна пропаганда, додека во април бројките во корист на манипулациите од Бихаќка се поголеми – СДСМ доби 172.383 секунди во истиот програмски појас на овие две телевизии. Тоа се речиси 50 часа пропаганда месечно во само еден програмски блок. Во текот на целиот месец оваа бројка е неколкукратно поголема.
Од почетокот на месец мај СДСМ доби 44.509 секунди за ширење на својата манипулативна пропаганда на овие две телевизии.
Порталите кои граѓаните одамна ги препознаваат како партиски гласила на СДСМ, како што се Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила вчера повторно беа преполни со стотици текстови за промоција на манипулациите на СДСМ и неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.
Вакво „избалансирано новинарство“ сака СДСМ – телевизии на кои за измислиците и лагите на СДСМ секој ден ќе има илјадници и илјадници секунди портали кои ќе објавуваат по стотици нарачани текстови од Фабриките за афери на СДСМ.
За СДСМ се најбалансирани новинарите и медиумите кои ги поддржуваат нивните хулигански насилни протести во кои се напаѓа полицијата, се уништува државен имот и се вандализираат споменици.
Тоа е лицето на СДСМ кое граѓаните одлично го знаат и поради кое не му дозволуваат да се доближи до власта во Македонија. СДСМ е партија која никогаш не сакала слободни медиуми. СДСМ сака целосна контрола над медиумите.Овие медиуми кои за СДСМ се „фер и балансирани“ континуирано отстапуваат илјадници секунди и објавуваат стотици написи секој ден в