Симоне Пјаниџани од лични причини поднел оставка на местото шеф на стручниот штаб на кошаркарскиот клуб Фенербахче Улкер, објави клубот на својата интернет страница.Италијанскиот стратег навел дека му била чест што имал можност да го тренира Фенербахче, а посебно ги пофалил навивачите.Нов тренер на Фенербахче, екипа за која настапува македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб, ќе биде досегашниот помошник на Пјаниџани, Ертугрул Ердоган.Симоне Пјаниџани, минатото лето, по 17 години минати на различни функции во Монтепаски, се пресели во редовите на Фенербахче – успеа да го освои домашниот Куп, но не импресионира со резултатите во првенството и Евролигата.Во домашноот првенство Фенер се наоѓа на четвртото место, а во Евролигата во Топ 16 фазата има скор 2-6, со што ги загуби шансите за пласман во четврт финалето.
МакфаксСимоне Пјаниџани од лични причини поднел оставка на местото шеф на стручниот штаб на кошаркарскиот клуб Фенербахче Улк