МЕКО ТЕСТО И ДО СЛЕДНИОТ ДЕН: Направете совршени ПАНЦЕРОТИ

Дирекно од рерна….Потребни состојки
2 дл млеко
2 дл јогурт
½ чаша масло
1 прашок за пециво
600 гр брашно
½ квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
+ за фил  – по желба
кечап
салама
сирење
краставички
оригано
+ јајце за премачкување
Начин на подготовка

Во топло млеко искршете го квасецот, додадете лажичка шеќер и лажица брашно. Кога квасецот ќе нарасне, додадете ги останатите состојки и замесете тесто…Оставете го во покриен сад, да нарасне.
Нараснатото тесто расукајте го на дебелина од околу 1 см, а за сите панцероти да бидат еднаква големина, можете со калап за крофни да ги вадите круговите (количината на сликата е од 1кг брашно), а потоа тие кругови ги развлекувате колку што може повеќе.
Круговите ги полните со фил по желба, ги преклопувате и краевите ги притискате со виљушка.
Панцеротите ги редите во тавче обложено со хартија за печење, ги премачкувате со јајце и по желба наросувате сусам, оригано, сол, можете да украсите со кечап…кој како сака.
Печете ги во рерна на 200 степени, додека не поруменат, почекајте малку да се изладат па јадете фини и меки панцероти. 
Потребни состојки
2 дл млеко
2 дл јогурт
½ чаша масло
1 прашок за пециво
600 гр бра

Пронајдете не на следниве мрежи: