Мексико: Убиени 2.186 луѓе само во мај

Мај во Мексико бил месец со најголем број убиства во изминатите 20 години, се вели во владини податоци за криминалот во државата- биле убиени 2.186 луѓе.Претходно, најголем број убиени во еден месец во Мексико бил 2.131 – мај 2011 година, по јавно достапни податоци кои датираат од 1997 година.
Во првите пет месеци во Мексико се убиени 9.916 луѓе што е за околу 30 отсто повеќе во споредба со 2016 година кога биле убиени 7.638 луѓе.
Најголем број убиства се регистрирани во државата Јужна Долна Калифорнија каде од јануари до мај лани биле убиени 36 лица, а во истиот период оваа година – 169.Претходно, најголем број убиени во еден месец во Мексико бил 2.131 – мај 2011 година, по јавно достапни податоци кои датираат од 1997 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: