Мелничарите даваат 8 за пченицата, земјоделците бараат најмалку 9 денари

Мелничарите остануваат на одлуката дека ќе дадат максимум осум денари за килограм пченица, додека производителите бараат најмалку девет денари. Ова  е засега исходот од денешниот заеднички состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кој трае веќе неколку часа и се уште не е завршен, пренесе МИА.– Нашиот став останува ист. Го кажавме пред една недела, а и на состанок со владини претставници во февруари годинава се договоривме дека, за да опстанат мелничката индустрија и одгледувањето пченица, мора да откупуваме пазарно. Значи, ќе ја откупуваме пченицата по пазарна цена, од максимум осум денари плус ДДВ зашто во опкружувањето цената е исто толкава, па дури и пониска. Во Србија е 6,8 до 7 денари. Ако ја откупиме ние нашата за повеќе, само ќе си создадеме проблеми, ќе не можеме да конкурираме на српското брашно, изјави претседателот на Здружението на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора, Горан Малишиќ.
Според него, со предвидените дополнителни субвенции од два денара за килограм пченица што ќе ги обезбеди државата, задоволни ќе бидат и производителите.
– Складирањето во силосите нема да ни наштети. Земјоделците што не сакаат сега да ја продаваат пченицата, може да чекаат за да добијат повисока цена или пониска, зависно од пазарот, нагласи Малишиќ.
Земјоделците, пак,  се пожалија дека никогаш досега не била понудена толку ниска цена. За нив се неприфатливи осум денари за килограм зашто, велат, со нив не можат да ги покријат ниту основните производни трошоци.
– Нема да прифатиме цена пониска од девет денари. Имаме информации дека во Србија пченицата се откупува за 8,5 денари. За да ја увезат, нашите мелничари оваа сума треба веднаш да ја платат, а кај нас плаќањето е во период од 90 дена. Значи дека им е поисплатливо да купат домашно жито, од нашите производители, за што ќе им дојде цената иста, истакна претседателот на Федерацијата на фармери (ФФРМ) Никола Стаменов.
Тој од името на сите земјоделци, ги поздрави интервентните владини мерки кои би требале да помогнат цената на пченицата да не биде под 11 денари.
– Предвидените 80 отсто субвенции за складирање на житото се задволителни, а прифатлива е и поддршката од 6.000 денари за хектар засадена површина. Размислуваме за два денари за килограм предаден род, но математиките кажуваат дека вака е поисплатливо, поголем ќе биде доходот зашто има површини на кои ќе се произведат по 300 килограми од декар, а на некои по 700 килограми, рече Стаменов, додавајќи дека останува најболното, дефинирањето на цената.
Од 9 до 9,5 денари, потенцира, е конечниот став на земјоделците за годинашната минимална откупна цена.
– Се надеваме дека ќе успееме да ги разубедиме некако мелничарите. И лани имавме расправии, но цената беше 9,5 до 10 денари, посочи претседателот на ФФРМ.
Според Тони Лазаровски, производител од Битолско кој има околу 130 хектари, земјоделците четврти пат се состануваат со мелничарите за да ја договорат цената на пченицата. И тој рече дека наместо осум, треба да дадат барем девет денари за килограм.
– На преработувачите, пазарната економија им е сојузник. Во право се. Но, државата се бори, сака да ни помогне да остане пченицата во Македонија зашто површините се намалуваат. Ќе бараме дозвола од министерството, дали и натаму да сееме зашто трошоците се големи, не можеме да и конкурираме на Србија која има висок принос по хектар, напомена Лазаровски, додавајќи дека ако пченицата се складира, и потоа повторно се носи на продажба, ќе треба двапати да платат превоз.
Оценка на мелничарите е дека потребите за пченица во Македонија се 180.000 до 200.000 тони годишно. Последните промените на времето не се добри за житните култури поради што, најверојатно ќе има потреба од увоз.– Нашиот став останува ист. Го кажавме пред една недела, а и на состанок со владини претставници во февруари годинава се договоривме дека, за

Пронајдете не на следниве мрежи: