Менување на историскиот термин фашизам е само политичка амбиција

Само еден ден откако Зоран Заев обелодени дека ќе се менуваат учебниците по историја денес пристигна и потврда од министерката за образование и наука Рената Тренеска Дескоска.Министерката не прецизираше за кој точно учебници станува збор но ревизија ќе има со цел како што вели да се отстранеле грешките кои што учениците ги учат.
Реакција пристигна од професорот по историја Михајло Миноски кој посочи дека ако се работи за менување на историски термини како на пример фашизмот тогаш станува збор само за политичката амбиција. Ревизија на учебниците треба да се прави на одреден период, но само доколку се унапредува историјата и тоа треба да го прават експерти и историчари но не и политичарите.
-Ако се работи за ревидирање на некои историски термини кои ја изразуваат суштината на прашањето, како на пример за фашизмот или други слични термини, тогаш тоа е веќе политичка амбиција да се менува она што е стандард во нашата историска наука и тоа не би требало да се прави, тоа е задача на историјата, вели професорот Миноски за ТВ Нова.Министерката не прецизираше за кој точно учебници станува збор но ревизија ќе има со цел како што вели да се отстранеле грешките кои што учениците

Пронајдете не на следниве мрежи: