Мерџановски: Антиќ и Мекејлеб со ентузијазам гледаат кон националниот тим

Во рамките на спроведување и планирање на активностите на сениорската репрезентација, директорот на националните селекции Илија Мерџановски минатата седмица, во Атина, се сретнал со репрезентативците Перо Антиќ и Лестер Бо Меккејлеб.
На средбата, Мерџановски, на двајцата кошаркари им ја презентирал програмата за подготовки и натпревари која ја очекува нашата најдобра селекција следното лето и секако настапот на Евробаскетот во Словенија.Директорот на националните селекции, им ги пренел насоките и очекувањата во однос на исполнување на програмата на селекторот Пипан, која е оптимизирана на тој начин што на Антиќ, Меккејлеб, и останатите репрезентативци ќе им овозможи доволно време за одмор по напорните сезони.”Би сакал и јавно да му се заблагодарам на Антиќ за тоа што беше одличен домаќин, впрочем како и секогаш”,вели, за интернет страницата на Македонската кошаркарска федерација, Мерџановски по враќањето од Атина.”Многу ми е мило што гледам дека Перо е одлично прифатен и високо ценет во средината каде настапува, задоволен е и тоа е најважно за еден странски играч, да има мир и позитивно опкружување околу себе. И Антиќ и Меккејлеб со ентузијазам гледаат на претстојните настапи со репрезентацијата и со нетрпение очекуваат летово да се сретнат со останатите соиграчи”, констатира директорот на националните селекции.Селекторот Алеш Пипан и раководството на Федерацијата претходно имаа средба и со Војдан Стојановски, за време на неговиот кус престој во Скопје, а во наредниов период ќе се остварат средби и со Предраг Самарџиски, како и со младите кандидати за сениорската селекција, Андреј Магдевски, Кристијан Николов и други кои настапуваат во странство.
 
МакфаксВо рамките на спроведување и планирање на активностите на сениорската репрезентација, директорот на националните селекции Илија Мерџановски м

Пронајдете не на следниве мрежи: