Според една скорешна теорија, Месечината настанала од делови кои претставувале вишок по создавањето на Земјата. Овој концепт се покажал како недоверлив, откако теоријата на гравитацијата укажува на тоа дека голем објект го собира сиот достапен материјал, не оставајќи ништо за формирање на друго небесно тело.Општо е прифатено дека Месечината настанала на некој друг начин и дека влегла во гравитационото поле на Земјата, во одреден момент во далечното минато.
Ниту една од предложените теории не е посебно уверлива, бидејќи не постојат доволно докази за физичката измена на Земјата и Месечината во далечното минато. Недостатокот на остатоци во вселената, укажува на тоа дека дошло до судир во минатото, но сепак се чини дека Земјата и Месечината настанале во исто време.
Што се однесува на теориите дека Земјата „природно ја заробила“ Месечината, Исак Асимов вели: „Месечината е преголема за да биде заробена од страна на Земјата. Шансите да дојде до такво нешто, при што Месечината би ја усвоила совршено кружната орбита околу Земјата, се толку мали, што не би можеле да се земат во предвид“.
Асимов е во право што се однесува на теориите за орбитата на Месечината, бидејќи таа, иако формира совршен круг, е стационирана – со оглед на тоа дека кон Земјата е свртена само едната страна од Месечината.
Оваа кружна орбита е една од најчудните работи кои се поврзуваат со Месечината, со оглед на тоа дека центарот на масата на Месечината е 1,5 км поблиску до Земјата од геометрискиот центар на Месечината. Врз основа на овој факт, би се заклучило дека постои нестабилна, разнишана орбита, како и ексцентар на масата. Интересно е дека сите останати сателити во нашиот соларен систем орбитираат во екваторската рамнина на својата планета.
Дали е случајност тоа што Месечината има толку прецизна и стационирана орбита околу нашата планета и дали е случајност што Месечината се наоѓа на идеална оддалеченост од Земјата, што во потполност може да го прекрие Сонцето за време на затемнувањето?
Асимов објаснува: „Не постои астрономска причина зошто Месечината и Сонцето толку добро се вклопуваат. Тоа е неверојатна случајност, а Земјата е единствена планета што е благословена на тој начин“.
Научникот Вилијам Шелтон, смета дека „нешто“ ја поместило Месечината на нејзината точна оддалеченост, курс и ја одредило нејзината брзина. Само се наметнува прашањето, што е тоа „нешто“?
Двајца руски научници, Михаил Васин и Александар Шербаков, во јули 1970 година објавиле текст во советското списание „Спутник“, со наслов „Дали Месечината е креација на непозната цивилизација?“.
Тие ја изнеле теоријата дека Месечината во потполност не е природна, туку дека претставува планетоид кој на тоа место го поставиле интелигентни суштества со многу понапредна технологија од нашата.Општо е прифатено дека Месечината настанала на некој друг начин и дека влегла во гравитационото поле на Земјата, во одреден момент во далечното мин