Месиќ: Политичарите треба да ги потиснат амбициите и да ја гледаат иднината на Македонија

Политичарите треба да ги потиснат амбициите и да ја гледаат иднината на земјата, порача поранешниот претседател на Хрватска, Стипе Месиќ, говорејќи за политичката криза во Македонија.– Животот тече и натаму и треба да се формира влада. Сега политичарите треба да ги потиснат амбициите и да ја гледаат иднината на Македонија која треба да води кон целта која што ја сакаат граѓните, рече Месиќ.
Во врска со политичката криза тој рече дека вообичаено околу секои избори се прави политичка криза, но откако ќе завршат изборите секогаш доаѓа до помирување и стабилизирање на дежавата.
– Во услови на Македонија тоа е поинаку. Гледам по изборите наместо да има помирување има поголемо подвојување, што е резултат и на пропустот во Уставот кој не утврдува до кога треба да се формира нова влада и кога се организираат нови избори, рече Месиќ.
Според Месиќ, ако кризата потрае таа ги остава во неизвесност и сите текови во земјата.
– Политичката криза го забавува општеството и економијата трпи од тоа, додава Месиќ.– Животот тече и натаму и треба да се формира влада. Сега политичарите треба да ги потиснат амбициите и да ја гледаат иднината на Македонија

Пронајдете не на следниве мрежи: