МИ БАРАА 2.5 ЗА ЖИВ ИЛИ 5 МИЛИОНИ МАРКИ ЗА МРТОВ СИН!

Киднапирањето на Стефан, синот на Брена и Боба Живојиновиќ и натаму е тема за која често се полемизира. Пеачката и некогашниот тенисер таа 2000 година пет дена не знаеја дали нивниот син е жив, а се’ уште, ни 18 години подоцна не е утврдено кој го киднапираше.Сопственичката на „Гранд“ не сака да зборува за овој непријатен настан, но во емисијата “Pres pretres” на водителот Синиша Медиќ му откри дека киднаперите барале пари дури и за трупот на Стефан.
-Мене ми беше киднапирано детето во 2000 година. Оттогаш за мене материјалното повеќе нема никакво значење. Она што можеш да го купиш со пари не е важно. Ни бараа два ипол милиони марки за жив и пет милиони марки за мртов. Што повеќе да ви кажам… Сите киднапери се откриени, само оној на мојот син не е! Јас сум жена која повеќе од ништо не се плаши. Секако дека имам обезбедување, но тоа се професионалци кои не се гледаат, но кои точно знаат што треба да прават – објаснува пеачката.
Да се потсетиме, пред неколку години беше обелоденето како се одвивал разговорот помеѓу Живојиновиќ и киднаперите:
-Господине и госпоѓо Живојиновиќ, вашиот син Стефан се наоѓа кај нас. Кон него ќе се однесувавме човечки се’ додека и вие сте коректни. Нема да му фали ни влакно од главата – навеле киднаперите во првата порака.
Набргу стигнало и предупредување да не им паднало случајно на памет да повикаат полиција.
-Стефан можете да го откупите на два начини. Жив – за 2,5 милиони марки. Мртов – за 5 милиони марки. Во случај на друга варијанта, ќе откупувате дел по дел од неговото тело – се заканиле киднаперите, кои на родителите им дале рок од два дена да ги соберат парите.
-Доколку после три дена не слушнеме глас, ќе сметаме дека одолговлекувате со исплатата. За секој ден доцнење од раката на Стефан ќе има по еден прст помалку, а доколку ни после 10 дена нема реакција, Стефан ќе го откупувате мртов – се заканувале киднаперите.
Напикан во автомобил
Живојиновиќи не губеле време, туку собирале пари и Стефан жив го вратиле дома.
Постоеја сомнежи дека припадници од „Земунскиот клан“ биле вмешани во киднапирањето на Брениниот син, но тоа никогаш не е докажано.
Да се потсетиме, цела јавност се дигна на нозе на 23 ноември 2000, кога тогаш осумгодишниот Стефан беше напикан во автомобил пред семејната куќа и одведен во непознат правец.Сопственичката на „Гранд“ не сака да зборува за овој непријатен настан, но во емисијата “Pres pretres” на водителот Синиша

Пронајдете не на следниве мрежи: