Единствен микрочип ќе им овозможува на слепите луѓе да гледаат форми на околните објекти, пишува Engadget.Чипот на Retina Implant се имплантира во окото и ја обновува способноста на пациентите да разликуваат различни нијанси на светлина. Пресвртот во истражувањето на германските научници бил направен при последните тестови на чипот.
Уредот е создаден со цел да го врати ограничениот вид на луѓето, чии клетки на фото-рецепторите страдаат од различни болести како ретинитис пигментоза.
Откритието на Германците дојде речиси во исто време кога американската администрација за храна и лекови го одобри Argus II Retinal Prosthesis System – првиот во светот третман за вродената болест која предизвикува уништување на рецепторните клетки во мрежницата.
За разлика од оваа технологија, сепак, овој микрочип фаќа до 1.500 пиксели светлина преку имплант во ретината, а не со инсталирање на камера. Сигналот се засилува од втората плоча, имплантирана во кожата зад увото и се враќа назад кон биполарните клетки, кои сѐ уште се активни во ретината.
Тие за возврат испраќаат слика до мозокот преку редовните нервни сигнали. При последните тестови на микрочипот, 8 од 9 пациенти виделе основни форми, а тројца дури успеале да разликуваат и букви.Чипот на Retina Implant се имплантира во окото и ја обновува способноста на пациентите да разликуваат различни нијанси на светлина. Пресвртот