Мила Царовска продолжува да ја манипулира јавноста со нереални ветувања

Мила Царовска продолжува да ја манипулира јавноста со нереални ветувања надевајќи се дека така ќе допринесе за зајакнување на ниската доверба која ја имаат граѓаните во нејзината матична партија. Но исто така граѓаните ја паметат Царовска како наблизок соработник на техничката министeрка, Фросина Ташевска Ременски во чие време се случуваа и случуваат најголемите беззаконија и скандали во министерството за труд и социјална политика, реагираат од кабинетот на дополнителниот заменик министер Диме Спасов.Нивниот тим успеа да закочи многу проекти, да остави ромски семејства без егзистенција, да ги остави вработените и корисниците  во институциите под капа на министерството без осигурување, да врши притисоци врз вработените и да направи многу незаконски разрешувања за кои се водеа судски постапки. Тоа е наследството на Ременски и Царовска.
Министерството за труд и социјална политика изминатите години постигна значајни и видливи резултати во поглед на подобрување на работничките права. Би ја потсетиле Царовска која изразува душебрижништво  за работниците и работничките права дека во 2006% невработеноста изнесуваше рекордно високи 38% а денес изнесува рекордно ниски 24%.
Просечната нето плата во производството на текстил и текстилни производи во 2005 година кога владееше Социјалдемократскиот сојуз беше 5.344 денари, а во производство на кожа и слични производи од кожа 1.704 денари.
Во 2016  просечната нето плата во производство на текстил е 15.356 денари, во производство на облека е 12.695 денари, а во производство на кожа и слични производи од кожа е 11.571 денар. Во време на СДСМ не постоеше минимална плата. Минималната плата во 2012 година за првпат беше воведена и истата има континуиран раст и во моментот изнесува 10.080 денари.
Како резултат на успешен социјален дијалог направени се повеќе измени и дополнувања во Законот за работните односи и останати закони од областа на трудот, со кои се унапредени правата на работниците согласно директивите на Европската унија и конвенциите на Меѓународната организација на трудот.
Се донесе Закон за заштита од  вознемирување на работно место, се зајакна улогата на Еконономско социјалниот совет како трипартитно тело за промовирање на колективното договорање и социјалниот дијалог, донесени се 20 Правилници за Безбедност и здравје при работа со кој се обезбедува заштита на работното место и здравјето на работниците.
Синдикатите учествуваа и даваа свои забелешки и мислења за сите досегашни измени на закони како што се измените на Законот за работните односи, Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Законот за европските работнички совети и други на кои им  претходеше опсежна анализа која се работеше заедно со социјалните партнери.
Се усвои и Законот за трансформација на работниот однос со кој, меѓу другото, се предвидува трансформирање во работен однос на неопределено работно време да се применува и за лицата кои имале прекин на договорот со кој биле ангажирани за извршување на работа поради бременост и/или раѓање, а кои имаат важечки договори во моментот на трансформирање на работниот однос.
Ова е само еден дел на мерките и проектите кои се спроведени изминатите 10 години со цел унапредување на работничките права. Недозволиво е политичарите од СДСМ да ги манипулираат работниците преку паушални и непроверени ветувања. СДСМ преку нивниот технички министер ги погази работничките права во ова министерство во неколку наврати.
Обидите на Мила Царовска за политички поени лажно  залагајќи се за работнички права ќе останат јалов обид.Нивниот тим успеа да закочи многу проекти, да остави ромски семејства без егзистенција, да ги остави вработените и корисниците  во институциит

Пронајдете не на следниве мрежи: