Милка коцки

Вреди за трудот Состојки:(за една кора)
4 белки
малку сол
100гр шеќер
45гр брашно
20гр скробно брашно
20гр темно какао
1 лажичка прашок за печиво
1лажичка оцет
1 лажичка рум
80мл масло
ванила
за кремот:
500мл павлака за готвење
500мл млеко
100мл чоколаден ликер
300гр милка Ноисет
100гр Милка чоко дринк
50гр путер
малку рум
500мл павлака за шлаг
1 пакетче желатин
за натопување на корите
200мл млеко
70мл чоколаден ликер
2 лажици милка чоко дринк
Подготовка:
Прво го готвиме кремот: од млекото издвојте, остатокот загрејте го заедно со павлаката, чоколадата, какаото и ликерот. Мешајте додека не се стопи се. На страна промешајте го млекото со скробното брашно и шеќерот и потоа додадете го хоплата и млекото и сварете крем. Во се уште топлиот крем додадете го путерот и румот. Опставете да се излади.

 
За кората сматете ги белките во снег со малку сол, додадете го шеќерот и матете додека не се стопи. Потоа додадете го пченичното и скробното брашно и какаото. Измешајте убаво. На крајот во тенок млаз додадете го маслото, оцетот и румот. Лесно промешајте и печете во тавче со големина 32х34, 10 минути на 150 степени. Направете три вакви кори.

Сматете ја павлаката во шлаг и полека додајте ја во кремот. Подготвениот желатин стопете го и додадете го во кремот. Готовите кори прелијте ги со топлиот прелив и филувајте. Наздравје.Состојки:(за една кора)
4 белки
малку сол
100гр шеќер
45гр брашно
20гр скробно брашно

Пронајдете не на следниве мрежи: