Мирка Велиновска: Македонија е плен на психопати

Британскиот писател Сем Геранс го прочитал писанието на „филантропот“ Џорџ Сорос објавено на 11 овој месец во „угледниот“ „Гардијан“. По шокот и неверицата дека „Гардијан“ за пари или под присила станал огласник на еден опасен шпекулант и воен профитер, се чувствувал повикан да изреагира со поставување медицинско-политичка дијагноза за овој индивидуален центар на моќ, кој со децении дејствува како „меѓународна заедница“ со својата активистичка-пропагандна мултинационална армија наречена уште „бели шлемови“.„Психопатијата на психопатот“ се вика текстот. Читајќи го, помислив дека и тој, како и јас, сме дошле до ист заклучок кој повеќепати сум го кажувала или пишувала, а гласи дека нормални луѓе со функционален мисловен апарат и активна совест не можат на стандарден, односно, нормален начин да се борат успешно со дијагноза. Според мене, таквите суштества се недоправени луѓе на кои им недостига совест и одговорност. Затоа тие не признаваат ни закон ни устав, ни изборни резултати, ни држава, а камоли правила на игра.
Зошто? Па затоа што како што вели Геранс „главната разлика помеѓу нормалните луѓе и малите и големи психопати е во тоа што нормалните имаат граница која не ја преминуваат кога прават лоши работи, а во тоа ги спречува активираната совест која им порачува ако сториш вакво нешто со тоа нема да можеш да живееш. Што значи, совеста ти вели дека ти си згрешил, ти си виновниот за нешто лошо, ти си предизвикал некому некаква несреќа, си нанел болка, си оштетил некого“. Затоа, нормалните луѓе на ненормалните нешта што ги сторил некој психопат реагираат со зборовите: „каде ќе му оди душата“, „како може мирно да спие“, „не ли му е страв од клетва и божја казна“ и сл. Геранс во овој нормален начин на размислување го гледа и главниот заеб во третирањето на психопатите од рангот на Сорос во нападнатите општества и држави. Вели, очекувањата на нормалниот свет, психопатчиња кои доброволно станале послуга под команда на психопат да чувствуваат срам и непријатност од своите дејства, е целосно погрешна. Психопатот нема чувствена врска со своите акции. Нему му е важно да го добие она што го сака. За него нема никаква разлика дали сака да го опљачка своето семејство, да го убие своето дете кое му пречи или да нарача масовен масакр, да урне држава, да истреби народ, да пеплоса градови, за да добие профит. Притоа, психопатот секогаш е убеден дека вината за неговите акции паѓа на жртвите. Тој секогаш е ,,невин“.
Џорџ Сорос речиси од денот на прогласената независност, е присутен во Македонија преку отвореното му општество што го вшмука целиот активистички сектор. Тоа друштво на психопатчиња од основањето до денес е огледало во кое се огледува големиот Психопат, кој и го има тргнато меракот на Македонија. Нормалните луѓе во земјава, сеедно дали се партии, државни институции, интелектуала, медиуми, младина, никој не успеа да го огради или отстрани од јавниот живот. Јасно е зошто. Зад Психопатот стои официјална Америка оти тој е спонзор на американските претседатели и тајни служби. И затоа со ваква морбидна ненормалност нападнатата земја се бори на нормален човечки начин. Но, во светот на психијатријата (куративата) и психологијата (науката) уште не е познат случај на очовечен човекојадец, масовен убиец, ресоцијализиран социопат, главосечач и садист, милитантен психопат или дегенериран социопат.
Погледнете ги само Зоран Заев, Радмила Шекеринска, моирите Kатица, Ленче и Фатиме и нивната соросоидна гарда! Ги заболе дупе за Македонија, за слободи, права, за демократија, стандарди, критериуми, мир, стабилност или просперитет. За нив сите овие категоријални поими сосе времето и просторот се алатки за манипулација, лажење, пустошење, опожарување со единствена цел – нивна (Соросова) добивка. Додека ние катаден се исчудуваме на гнасотиите што ги заговараат, организираат и прават и се прашуваме наивно дали е можно вакви идиотштини и опасни игри да се прават без да се мисли на последиците за општеството и безбедноста на државата, Сорос и неговите терористи рамнодушно констатираат дека самите сме си виновни што сме се родиле како оброк за психопати. Сакате докази? Од каде да почнам? Во време кога Македонија се обидуваше легитимно да се одбрани од нападите на косовската ГМО УЧK (креирана од ЦИА, а спонзорирана од НАТО) во 2001 година, соросоидите на чело со Владе Милчин организираа повеќе акции за подривање на одбраната, рушење на владата, опструирање на мобилизацијата и демотивирање на граѓанството. Во 2002 година ,,меѓународната заедница“ ја претставуваше цијашот и Соросов платеник Едвард Џозеф. Тој беше Ван Хут кога се дизајнира големата победа на СДСМ под работен наслов ,,На 15 септември“ како што сегашниов Хут е Едвард Џозеф. С` е сосема исто. Исти режисери, сценаристи и статисти. Во 2004 година со акцијата жолти маици Милчиновите соросоиди активно учествуваа во минирање на референдумот за територијалната поделба изведена ,,во духот“ на Рамковниот договор. Ова друштво, директно преку својот клон ,,транспаренси“ на Слаѓана Тасева и Зоран Јачев ја спроведе продажбата на бонбона бизнисот ЕСМ. Соросидното друштво го лансираше проектот за „антиквизација“ за проблематизирање на идентитетот на македонскиот народ божем преку крадење на европските архитектурни правци. Активно муваа околу кревање меѓуетнички тензии и инсталација на граѓански конфликт. Ја организираа и А1-револуцијата. Пленум револуцијата која се претвори во пржинска демонтажа на Република Македонија уште трае во променета форма на креирање услови за комплетна странска интервенција и претворање на земјава во Либија или Украина.
Ете им ја и последната акција со чевлите како симбол, демек дека Македонија масовно се иселува. Не е битно што е утабана кројка за подготвување терен за масовно мавтосување и обид да се вклопи во мигрантската криза која е чистокрвна креација на големи психопати. Не се битни ни фактите, односно, реалноста. Важна е целта. Македонија да остане без функционална влада во време кога нефункционалната бирократизирана ЕУ нема сила за самостојна осмислена политика и затоа очекува непризнатата и оспорувана Македонија сега да ја спасува како прва линија на фронтот. Не како полнокрвна држава – партнер, туку како територија без ничие и сечие владение, а без одговорност за цената на чинење. Благодарение на црпки и лејки.
Што се однесува до иселувањето и чевлите на ,,пензионираниот“ Соросов режисер на злобни, психопатски и гротескни претстави сакам да му кажам, дека не е достоен ни македонски опинци да носи кога лансира ваква пропаганда среде народ кој умее да стигне до податоци за македонските миграции само ако побара извештаи за новоседелците од Македонија во Kанада, Нов Зеланд, Австралија, САД, Германија, Шведска, Италија и Франција и тоа во последниве десет години од кога СДСМ не е на власт. Четиристотини илјади иселени од Македонија се еквивалент на тристата илјади од кои како цунами од петта категорија се плаши цела Европа и крева ѕидови и огради. Видливи се со голо око. Се докажуваат со навалица и редици пред амбасадите, со засилен транспорт, со навалица на границите. Не е можно сите да ги видат двете илјади Роми заради кои Брисел ~ се закануваше на Македонија со губење на визното ослободување, масовното бегство на соросидите на Халкидик (сите 1.000 злодуши) во 2001 година, иселувањето на младите Kосовци лани зимата, а само овде на едно г’з место од двесте километри вертикално и хоризонтално, 400.000 луѓе да не се отсликаат како празнина или како екстра добивка на „Туркиш ејрлајнс“ и солунското воздушно пристаниште.
Соросовите војници мислеа дека ќе ни наврат овој пат чевли на глава наместо маица како онаа „Доста е“ во 2000, „Не ме фиромирај“ во 2004, односно „И јас сум Шарли Ебдо“ во 2015 година. Бидејќи не им успеа, ете ги психопатчињата Соросови кај се префрлија на алтернативен колосек од каде што ни се обраќаат дека не сме разбрале оти нивната акција била уметнички „перформанс“. Да бе! Нормалните пак се глупави и не се во психопатски тренд. Виновни се – до следната претстава. Туку, за лекувањето на психопатите ми беше зборот. Kога ќе почне 10-та рунда на Груевски? Оти гледате, почнаа јавно да сонуваат за празна паралелна држава со сите нишани и западни амбасади.
Мирка Велиновска за ДНЕВНИК„Психопатијата на психопатот“ се вика текстот. Читајќи го, помислив дека и тој, како и јас, сме дошле до ист заклучок кој повеќепати су

Пронајдете не на следниве мрежи: