Мишел Чосудовски: Зошто џихадистите на ИСИЛ се голема измама и чиј проект се тие?

САД немаат намера да ги бомбардираат своите исламистички бригади, бидејќи нивната цел не е да се уништи Исламската Држава, туку Ирак и Сирија. Со поддршка на лојалните Британци, претседателот Барак Обама нареди низа удари во Ирак против побуненичките армии на Исламската држава (ИД). „Нема да се откажеме од напорите да и се спротиставиме на Исламската држава. Ако терористите мислат дека ќе бидеме исплашени од нивните закани, гадно се лажат“, рече Обама.Но, кој стои зад Исламската држава? Иронично е тоа што на борците на ИД, која порано беше позната како Исламска држава на Ирак и Левант (ИСИЛ), се гледало како на „борци за слобода“ кои ќе ја „вратат демократијата“ и ќе го отфрлат режимот на Башар ал Асад.
Но, кој стоеше зад нивните побуни во Сирија? Истите тие кои ги наредија воздушните удари. Џихадистите на ИД, кои се мета на САД и НАТО, под мандатот на „антитерористичка операција“, биле поддржувани и се уште се поддржувани од Америка и нејзините сојузници. Со други зборови, ИД е проект на американската разузнавачка служба, британскиот МИ6, израелскиот Мосад, пакистанскиот ИСИ, како и саудискиот ГИП. Според податоците на израелските разузнавачи, НАТО со помош на турската врховна команда регрутирале џихадисти уште од самиот почеток на сириската криза, во март 2011 година.
Така, војниците на ИД, рамо до рамо со борците на Ал Каеда и Ал Нусра се тајно поддржувани од НАТО, САД и Израел. Нивната цел е да водат терористичка побуна против владата на Башар ал Асад. Злосторствата кои исламистите ги направија во Ирак се слични на оние од Сирија.
Како резултат на медиумските дезинформации, западното јавно мислење е несвесно дека тие всушност стојат зад ИД. Убивањето на невини цивили беше повод за американската воена интервенција, секако, од „хуманитарни причини“. Воздушните удари кои ги нареди Обама, сепак не убиваат никого од ИД. Напротив, тие се насочени против цивилите и оние кои им се противат на исламистите.

Улогата на Саудиска Арабија и Катар
Поддршката на Западот се канализира преку нивните најважни сојузници – Катар и Саудиска Арабија. Доха и Ријад играат главна улога во финансирањето на ИД, како и регрутирањето, обуката и верската индоктринација на терористите кои се праќаат во Сирија. Странските медиуми го признаваат сето тоа. Дејли Експрес наведе дека „Исламската држава ја финансираат и ја наоружуваат Саудиска Арабија и Катар“.
Најголем извор на финансии на ИД се заливските држави, пред се Саудиска Арабија и Катар, но и Бахреин и Обединетите Арапски Емирати, вели Гинтер Мејер, кој е директор на центарот за истражување на арапскиот свет, при универзитетот во Мајнц, Германија.
И Роберт Фиск тврди дека „исламскиот калифат го финансира Саудиска Арабија“. Запознајте се со најновиот саудиски монструозен допринес за светот – исламистичкиот калифат на Ирак и Левант, освојувачите на Мосул и Тикрит, Рака, а можеби и Багдад. Тие потполно ги понижија Буш и Обама.
За да ги попoлни редовите на терористите, Саудиска Арабија во 2013 година ги ослободи сите затвореници кои беа осудени на смрт. Тајниот меморандум откри дека затворениците биле пуштани за да им се придружат на џихадистите, односно на фронтот Ал Нусра и ИСИЛ, со цел да се борат против владините сили во Сирија. На затворениците им било нудено или да останат и да бидат убиени, или да одат во Сирија.
Како дел од договорот им било понудено „помилување, месечна финансиска помош за нивните семејства и можно останување во земјата“. Саудијците им дадоа избор: отсекување на главата или џихад? Затоа, затворениците од Јемен, Сомалија, Саудиска Арабија, Ирак, Кувајт, Палестина, Судан, Сирија, Јордан, Египет, Пакистан и Авганистан избрале да одат да се борат во Сирија.

Стоење во место
Кралот на Саудиска Арабија на 11 септември оваа година заедно со другите монарси од заливските земји, се обврзаа дека во потполност ќе ја поддржат светата војна на Обама против ИСИЛ, проектот кој и понатаму се финансира со саудиски и катарски пари, проект кој е добро осмислен на разузнавачки план. Освен дека „сите водечки арапски земји се обврзуваат дека ќе им помогнат на САД да се спречат заминувањата на новите борци во Сирија, како и пресекување на финансирањето на ИД“, во изјавата исто така се вели дека е договорена стратегија за елиминација на Исламската држава каде и да се наоѓа, па и во Ирак и Сирија.
„Саудиска Арабија сфати дека ИД е опасна закана и за неа, бидејќи тоа не е сунитско движење. Една од целите на Обама е да ги уништи идеолошките и верските цели на ИД. (Американската) влада се надева дека Ријад ќе го искористи своето влијание меѓу верските лидери“ (Глас на Америка, 11 септември 2014).
Како дел од договорот, саудиското кралско семејство ќе организира обука за „илјадници сириски побуненици кои се борат против ИД и режимот на Асад“. Тоа е апсурдно. Се до 9 септември, Ријад ја поддржуваше Исламската држава во борбата против Асад, а сега регрутира борци против неа. Меѓутоа, медиумите на успеаја да ја сложат сложувалката и да ја откријат големата лага.
Ова е голема шарада: архитектите на ИД го известија светот дека тие сега ги „ловат“ сопствените терористи во антитерористичката операција. И додека таквите акции се изведуваат во рамките на „светската војна против тероризмот“, САД немаат намера да ги бомбардираат своите исламистички бригади кои беа обучувани од американските специјалци и разузнавачи. Всушност, се води само една голема кампања против сириската влада.
Непотребно е да се каже дека американската, саудиската, катарската и помошта на НАТО кон ИД нема да запрат. Целта не е да се уништи ИД, туку да се дестабилизираат Ирак и Сирија.
Крајната цел е дестабилизација на Ирак како национална форма и негово делење на три ентитети. Поголемата цел на САД е дестабилизација на појасот Северна Африка – Блискиот Исток – Централна Азија – Јужна Азија, со што ќе се загрозат Иран, Индија и Пакистан.Но, кој стои зад Исламската држава? Иронично е тоа што на борците на ИД, која порано беше позната како Исламска држава на Ирак и Левант (ИСИЛ), се

Пронајдете не на следниве мрежи: