Мистерија за која зборува целиот свет: Сликата на Пикасо крие нешто сосема неочекувано!

Овој податок е откриен претходната недела. За време на минативе 5 години, експертите од музејот “The Phippips Collection, National Gallery of Art”, и музејот во Универзитетот Корнел и Винтертур во Делавер, откриле детали од мистериозната слика под површината.
Имено, станува збор за непознат маж насликан во вертикална композиција. 
„Поради овој момент тоа што ние го работиме е посебно”, рекол еден од експертите. Друга реакција била: “Кој е тој? Сега работиме да одговориме на тоа прашање”, рекла Патриша Фаверо, вработена во музејот “The Phillips Collection”.
Дороти Косински, директорка на музејот, вели дека начинот на кој работел Пикасо може да се открие низ високотехнолошката соработка на музеите.

 
“Нашата публика е гладна за вакви работи. Тоа е како работата на детективите. Ова ја збогатува културата на публиката, можеби додава мистерија, а во исто време им дозволува да бидат дел од составувањето на сложувалката”, заклучува Косински.
Долго време се верувало дека нешто се наоѓа под таа слика на Пикасо од 1901-та година. Истата се наоѓа во Вашингтон до 1927-та година. Инфрацрвените снимки направени во 2008-та година, откриле човек со брада, односно глава потпрена на рака со три прстени. Мажот на себе има јакна и вратоврска.
Направена е и техничка анализа на сликата па се установило дека сокриениот портрет е насликат веројатно непосредно пред сликата. 
„Не можел да си дозволи ново платно секој пат кога имал идеја за слика, па ги пресликувал постоечките, а работел и на картон затоа што платното е многу скапо“
 
За време на минативе 5 години, експертите од музејот “The Phippips Collection, National Gallery of Art”, и музејот во Универзитетот Корнел и Винтер

Пронајдете не на следниве мрежи: