Мистеријата е решена, Ирена Ристиќ нов министер за култура?

Актерката Ирена Ристиќ последните неколку месеци можеме да ја видиме на сите собири во организација на СДСМ и СОРОС, а последниве денови е неизбежен декор на насилните протести низ неколку градови низ Македонија.Таа се појавува и како предводник на дел од овие протести на кои ги насочува демонстрантите како да постапуваат при демолирање на објекти и спомен обележја. Неофицијално дознаваме дека дел од демонстрантите започнале да пружаат отпор кон наредбите за дивеење кои ги издавала актерката, за ваквиот отпор, покрај насилието, тие го посочуваат и фактот што за време на протестите јавно се лицитира со функции во новада влада која би ја создала СДСМ.
На списокот на функционери запишани во тефтерот на Заев се наоѓа токму и името на Ирена Ристиќ која си го маркирала местото Министер за култура во идната влада на Заев. Трагедијата да биде уште поголема, токму оваа актерка беше организатор на протсетите пред Министерството за култура кога зградата на Министертвото беше осквернавена со боја, беа искршени прозорите, но исто така беше искршена и таблата на Министерството. Ние се запрашуваме каква е таа амбиција за идно министерско место во министерство на кое се крши таблата и се сквернави зградата?
Во изминатиот период, покрај изградбата на нови објекти од областа на културата, како Театарот во Скопје, Театарот во Велес, новата зграда за Македонската филхармонија, реновирањето на речиси сите театри низ државата, Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ им го даде заслуженото место на македонските актери зголемувајќи ги неколкукратно нивните плати. Само за споредба, Ирена Ристиќ во 2006 година земала плата во висина од 19.872 денари, сега зема 38.317 денари месечна плата што претставува зголемување за 92.77%.
Името на Ирена Ристиќ беше присутно и во проектот т.н. „Контра вести“ кој се прикажуваше на Телма Телевизија, за овој проект идната „министерка“ Ирена Ристиќ заедно со своите соработници добиле грант од 400 000 евра. Овие големи суми на пари Ирена Ристиќ ги добива во време на „режим“ против кого таа наводно се бори. Во иднина останува да видиме какви проекти за културата ќе предложи идната министерка за култура Ристиќ, можеби ќе предложи да се урнат сите театри во Македонија?
 Таа се појавува и како предводник на дел од овие протести на кои ги насочува демонстрантите како да постапуваат при демолирање на објекти

Пронајдете не на следниве мрежи: