МИСТЕРИОЗЕН феномен на Марс предизвика збрка кај научниците!

Облаците што се издигнуваат високо над површината на Марс, предизвикаа вистинска збрка кај научниците кои ја проучуваат атмосферата на Црвената планета.Атмосферските активности кои се појавуваат во вид на голем облак, за првпат беа забележани во март и април 2012 година.
Беше измерено дека облакот досегнал висина од 250 километри над источното подрачје на Марс, додека слични атмосферски феномени во атмосферата на соседните планети, никогаш не ја преминале висината од 100 km.
„На висина од 250 km се наоѓа границата помеѓу атмосферата и вселената, па облаците на таа висина и тоа како се неочекувани“, објаснува авторот на истражувањето за овој необичен феномен, Агустин Санчез-Лавега од шпанскиот Универзитет Дел Паис Васко.
Мистериозните облаци се формирале за помалку од десет часа, покривале површина од 1.000 х 500 километри и биле видливи десетина дена. Тие постојано ја менувале структурата.
Ниту едно од вселенските летала кои се наоѓале во орбитата на Марс, го немаат забележано овој метеоролошки феномен поради позицијата, но и поради слабата осветленост на тој дел од планетата.
Но, со проверка на архивските фотографии од вселенскиот телескоп „Хабл“, како и фотографиите на астрономите-аматери, откриено е како сличните облаци не се реткост. Но, ретко тие се појавуваат на висина од 100 km.
Сега, научниците настојуваат да ја утврдат причината за настанувањето на овие облаци.
„Една од идеите за кои расправаме е дека облакот е составен од вода, јаглерод диоксид и честици од прашина. Но, за формирање на толку голем облак би требала да се случи екстремна девијација од стандардните климатолошки модели“, вели Санчез-Лавега.
„Друга идеја вели дека облакот е поврзан со поларната светлина во тоа подрачје, а знаеме дека во тој марсовски предел се наоѓа голема аномалија во магнетното поле“, додава Антонио Гарсија Муњоз, коавтор на истражувањето.
Повеќе детали за необичните облаци би требале да бидат достапни наредната година, кога во орбитата на Марс би требало да стигне леталото „ExoMars Trace Gas Orbiter“, на Европската вселенска агенција.Атмосферските активности кои се појавуваат во вид на голем облак, за првпат беа забележани во март и април 2012 година.
Беше измерено дека

Пронајдете не на следниве мрежи: