Мистериозна смрт снајде познат теоретичар на заговор: Ден пред смртта испратил вознемирувачка порака до мајка му!

Најпознатиот теоретичар на заговори и „ловец“ на вонземјани, Макс Спирс (39), пронајден е мртов во Полска каде еден ден пред тоа одржа говор за НЛО. Таткото на две деца бил пронајден во безживотна состојба, а полицијата не пронашла никакви знаци на физички напад или борба.
Тој еден ден пред мистериозната смрт испратил порака до мајка му: „Твоето дете е во опасност, ако нешто му се случи, истражувај“.
Пријателите на Спирс се сомневаат дека тој е отруен бидејќи последните денови повраќал црна течност.
– Сѐ што имам е посмртницата од полските власти и дека се работи за природна смрт, но не е направена обдукција, изјави мајката на Спирс – додавајќи дека нејзиниот син дошол до некои забранети податоци поради кои страдал.
Неговите пријатели, исто така теоретичари на заговори, сметаат дека тој не е мртов туку дека е киднапиран од вонземјани.

Пронајдете не на следниве мрежи: