Бенџамин и Кристи Стрек лежеле мртви на нивниот кревет. На подот во близина се наоѓале телата на нивните три деца, на возраст од 11 до 14 години. Немаше знаци на борба, ниту индикации за присуство на токсини во воздухот. Но, покрај секое тело имало чаши со течност.
Овие детали доаѓаат од судските документи, кои се однесуваат на смртта на петте членови на едно семејство од Јута. Документите алудираат дека тие починале по испивањето на смртоносен коктел, во кој се наоѓале траги од метадон.
– Различните писмени изјави на полицајците се чини дека покренаа дополнителни прашања во врска со настаните што се случија таа вечер – изјави претставник од Одделот за јавна безбедност на Јута.
Се поставуваат прашањата: Кој е одговорен за смртта? И зошто тие починале?
Сѐ уште нема цврсти одговори, иако судските документи кои беа објавени оваа недела откриле малку од она што го знаат полицијата и властите, пренесе CNN.
Детективите прилично брзо заклучиле дека смртните случаи на членовите на семејството се должат на „труење“, иако сѐ уште не е официјално утврдено што ги убило. Одделот за јавна безбедност Спрингвил, рече дека тоа не би можело да се утврди до крајот на ноември.
Пожарникарската служба заклучи дека „нема знаци на присуство на јаглерод моноксид“, ниту пак „никакви токсични нивоа од било кој вид во домот“.
Во внатрешноста на домот, властите пронајдоа празни шишиња на течен метадон – синтетички наркотик кој се користи во третманите за лекување на зависност од хероин. Метадонските шишиња дошле од клиника во која се лекуваат зависници од дрога, соопштија властите.
Во судските документи се напоменува дека не е нормално децата – синот Бенсон (14), ќерката Емери (12) и синот Сион (11); да одат на спиење во спалната соба на своите родители, бидејќи тие имале свои соби. Еден полицаец во писмената изјава вели дека „поставеноста на телата води кон тоа дека тие биле преместувани и соодветно наместени“.
Се очекуваат нови информации од истрагата…Немаше знаци на борба, ниту индикации за присуство на токсини во воздухот. Но, покрај секое тело имало чаши со течност.
О