Мистериозниот „Црн витез“: Овој објект кружи околу Земјата 50 години и никој не знае што е!

Приказната за Црниот витез почнала 1954 година кога весниците „Сент Луис пост диспеч“ и „Сан Франциско егземинер“, објавија текстови за пензионираниот мајор и истражувач на НЛО-а, Доналд Кихо.Наводно, американските сили воочиле два сателити во Земјината орбита. Во тоа време никој немал технологија да лансира сателит.
Во февруари 1960 година, магазинот „Тајм“ објави дека американската морнарица забележала темен објект за кој се верувало дека советски шпионски сателит.
Многу е пишувано за оваа тема, меѓутоа и денеска со современата технологија не е откриено што претставува тој мистериозен објект. Со самото тоа, „Црниот витез“ е во редот на приказните за чудовиштето од Лох Нес, Бигфут…
Во 50-тите години од минатиот век со телескоп е воочен неидентифукуван сателит. Тогаш владеело големо интересирање за вонземските појави и сите очекувале да ги посетат вонземјани. Благодарејќи на тоа на јавноста ѝ е сервирана приказната за Црниот витез.
Се смета дека овој мистериозен објект веќе 50 години дава радио сигнали. САД и Русија покажаа големо интересирање за него, што многумина ги наведе на помислата дека можеби припаѓа на една од тие држави.
Според некој гласини и Никола Тесла уште во 1899 година го пресретна сигналот на еден невообичаен сателит. Многу затоа веруваат дека Тесла е првиот човек кој примил сигнали од вонземјани.
И денеска не се знае многу за овој сателит, а се чини дека ако некој сака да ја открие тајната на неговото постоење ќе мора да го спушти на земја.Наводно, американските сили воочиле два сателити во Земјината орбита. Во тоа време никој немал технологија да лансира сателит.
Во февруари

Пронајдете не на следниве мрежи: