Младите секој прв и трет викенд со беспатен железнички билет, УМС ја промовира мерката

УМС на ВМРО-ДПМНЕ во дружба со младите кои го користат возот како превоз и мерките кои во таа насока ги донесе Владата, разговараше за активните и планираните мерки за млади.Една од мерките на Владата овозможува сите млади секој прв и трет викенд во месецот можат бесплатно да го користат железничкиот сообраќај.
-Градскиот комитет на УМС денеска ќе патува во Велес, каде што ќе направиме посета на спомен куќите на Васил Главинов и Коста Солев Рацин. Оваа мерка која што денеска ја промовираме започна со реализација во 2014 година кога ВМРО-ДОМНЕ како Влада и партија им овозможи на младите бесплатно да патуваат со железничкиот сообраќај, појасни претседателот на УМС, Владимир Нелоски.
Во 2014 година 18.000 млади луѓе ја искористија оваа мерка со што заштедија вкупно околу 6 милиони денари. Во 2015 година интересот за оваа мерка се зголеми со што 32.000 млади луѓе ја искористиле оваа мерка со што се заштедија околу 11 милиони денари.
-Кон крајот на 2015 и почетокот на 2016 како УМС организиравме трибини во сите општини во Македонија, а младите ни пријдоа и ни рекоа дека оваа мерка е одлична но дека имаат желба и потреба мерката да се прошири и да имаат можност барем уште еден викенд бесплатно да го користат железничкиот сообраќај. И преку проектот „Македонија за младите, младите за Македонија“ заедно со други 39 проекти беше промовиран повторно проектот бесплатен железнички превоз за млади и сега младите до 27 години можат беспатно да патуваат секој пр ви трет викенд, објаснува Нелоски.
Процеките и очекувањата предвидуваат дека во 2016 година овој проект ќе биде за 30% поискористен од 2015 година.
-Заклучно со месец април, односно за 4 месеци, оваа мерка ја искористиле над 17.000 млади. Од 2006 па до денеска ВМРО-ДПМНЕ како Влада продолжува да се грижи за железничкиот сектор и подобрување на условите во железницата, за тоа говорат и набавките на новите вагони  и возови, реконструкцијата на железничките станици, како и изградбата на железничката пруга кон Бељаковце, заклучува Нелоски.
Нелоски апелираше до сите млади, како и до оние кои го користат железничкиот сообраќај, да не ги оштетуваат возовите.Една од мерките на Владата овозможува сите млади секој прв и трет викенд во месецот можат бесплатно да го користат железничкиот сообраќај.

Пронајдете не на следниве мрежи: