Женскиот колумбиски тим на велосипедистки направил вистинска гужва кога се појавиле во нови трикоа оваа недела. И тоа не поради резултат туку поради трикоата. Црвениот дрес кој во делот на торзото бил заменет со боја на кожа во најмала рака делува бизарно. Девојките изгледаат како да се голи.Колумбијскиот тим, кој го финансира главниот град Богота, учествувал на натпревар во Италија, а трката се одржала во чест на некогашната шампионка Михаела Фанини. Нејзината кариера трагично завршила кога загинала во сообраќајна несреќа кога имала само 21 година.
Овој дизајн на трикоата многумина го нарекле најлош модел до сега.
Дали овој дизајн е производ на случајност или намерно е осмислен не е важно. Се надеваме дека веќе никому нема да му текне вака да ги облече жените кои ја претставуваат нивната земја. Понижувачки е.
Инаку девојките на натпреварот го освоиле 19-то место.
Колумбијскиот тим, кој го финансира главниот град Богота, учествувал на натпревар во Италија, а трката се одржала во чест на некогашната шампионка