Дојдете со мене на едно фантастично модно патување. Ќе ве воведам во една многу интересна модна приказна, модни настани и совети. Денешната расправа, односно темата за која ќе ви говорам е модниот тренд за лето 2013 година.
Лето 2013 година, кога зборуваме за модните трендови, тоа е многу интересно и необично. Многу е контрадикторно бидејќи оваа сезона актуелни се флуоресцентните бои, но и пастелните.
Долгите здолништа и флуоресцентните бои се вистински хит ова лето. Искомбинирајте го таквото здолниште со некоја маичка и кратка џинс јакна, мал шешир и очила со стакла во боја. Ваквата комбинација е многу популарна ова лето.
Флуоресцентните бои се многу интересни и барани. Внесете ги таквите бои во вашата секојдневна гардероба. Фустани, здолништа, кошули, панталони, чанти и други аксесоари во овие бои, фантастично одговараат со убаво исончано тело, какво што ни е на сите во текот на летото.
Ова лето многу се барани и комбинациите со разни принтови, како и пругите и коцкичките. Боите кои се интересни и барани ова лето се жолта, портокалова, розова, сина и зелена.
Исто така, ова лето ќе бидете во тренд ако носите облека во пастелни бои. Сина, зелена, светло жолта, како и румено розова се бои од пастелната палета кои доминираат во ова лето.
Чипката и плетените мотиви можат да изгледаат многу современо ако ги искомбинирате на вистински начин. Ова лето се во тренд маички, шорцеви, фустани па дури и накит кои се рачно изработени.
Уживајте во широкиот спектар на бои и шаренило кои само летото ви ги дозволува во толкава мера.
Погледнете ги и останатите колумни од Александра ГрујиќБизнис стил на облекување
Како да носите црвен кармин за усниДојдете со мене на едно фантастично модно патување. Ќе ве воведам во една многу интересна модна приказна, модни настан