Нараквици
Нараквиците се шарени, гломазни и неодоливи. Обично ќе одговараат на тексас јакна и симпатична маичка со принт.
Прстени
Ведри и весели бои се носат и на раката. Со интересни маникир, овој прстен е токму тоа што ви треба да ви го разубави денот.
Ѓердани
Било големи или некои со симпатичен приврезок, одличен избор се кога се брзаме и се спремаме за „кафе шема“, зошто тие во моментот го подигаат секој стил. Замисли еден ваков ѓердан во комбинација со фармерки и обична бела маичка. Неодоливо, зар не?
Обетки
Ориенталниот изглед највеќе може да се примети по обетките, кои се богато украсени со различни детали. Подигнете ја косата, во реп, ставете обетки, облечете ја својата најдрага комбинација и спремни сте за во град.
Разни модни додатоци
Освен накитот, оваа пролет сакаме и шарени марами, новчаници, саати и брошеви.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Нараквици
Нараквиците се шарени, гломазни и неодоливи. Обично ќе