За секоја сезона модните експери даваат различни совети за трендовите. Меѓутоа сепак постојат неколку безбвремени модни совети кои никогаш нема да се сменат.
Квалитетна облека во неутрални тонови
Оваа облека ќе можете да ја носите повеќе сезони, како и да ја комбинирате во разни варијанти и за различни пригоди.
Носете го она што за вас е “како по нарачка“
Ќе се согласите дека понекогаш е подобро да ги игнорирате трендовите и да го носите она што вам ви се допаѓа, ви е удобно и во него се чувствувате пријатно.
Смалете го гардероберот
Едно добро парче квалитетна облека е понеопходно отколку куп неквалитетни и лоши парчиња облека.
Избегнувајте распордажби
Доколку за некое парче облека не сте подготвени да ја платите целосната цена, нема да ви се исплати ни кога цената му е намалена.
Анимал принт
Препорачуваме задолжително да набавете едно парче, марама, брош, маица…со животински дезен. Леопард, тигар, змија или било која друга животинска шара изгледа одлично, но само ако ја комбинирате умерено и со вкус.
Модни додатоци
Избегнувајте ја евтината бижутерија и инвестирајте во квалитетни модни додатоци. Со нив секогаш ќе се чувствувате раскошно и со стил.
Малку боја
Додадете малку боја. Иако вашата гардероба се темели на неутрални бои, ставете на себе некое џемперче или маичка во светла, весела боја.
Над просек
Честопати не сте сигурни што да облечете,или пак вашата напнатост пред излегување ја оправдувате со реченицата„немам што да облечам“.
Изберете да изгледате натпросечно дотерано. Доколку не знаете што треба да носите на некој настан, секако е подобро да се појавите дотерани, отколку цела вечер да размислувате зошто не сте облекле високи потпетици.
Попис на работите
Направете попис. Честопати се случува при брзање само да ги „фрлите“ алиштата во гардероберот. Кога ќе бидете свесни што се имате во него, полено ќе ви биде да ја комбинирате облеката.
За секоја сезона модните експери даваат различни совети за трендовите. Меѓутоа сепак постојат неколку безбвремени модн
Пронајдете не на следниве мрежи: