Модни трикови да изгледате повисоки

Не сте задоволни со својата висина? Не грижете се, со помош на неколку едноставни трикови ќе изгледате повисоки отколку што сте.
ИСПРАВЕТЕ СЕ Правилното држење на телото ќе ви донесе многу физички но и психолошки предности. Освен тоа, тоа е многу важно за здравјето на важиот грб. Дисциплината е клучна работа – додека одите или седите секогаш имајте на ум дека грбот треба да ви биде исправен, а не подгрбавен. Со малку вежбање, тоа ќе ви стане рутина, а вие сигурно ќе узгледате повисоки.
БИРАЈТЕ ОБЛЕКА СО ВЕРТИКАЛНИ ЛИНИИ Облејката со хоризонтални линии ќе ве направи визуелно пониски отколку што навистина сте, па затоа подобро е да ги отстраните од гардероберот. Избегнувајте ги карираните дезени, широката облека и тешките материјали. Наместо тоа, одберете облека со тенки вертикални линии и интересни копчиња. Ќе изгледате повисоки во благо струкираните сукњи, а добар избор се и кратките панталони. Долгите јакни комбинирајте ги со кратки сукњи и обратно.
СЕ Е ВО НИЈАНСИТЕ Одберете облека со слични нијанси – на пример, темно зелена блуза со светло зелени панталони. Тоа е уште еден од триковите кои визуелно ќе ве издолжат.
ШТИКЛИ, ДА – НО НЕ ПРЕВИСОКИ
Познато е дека обувките на висока платформа и вртоглави потпетици издолжуваат. Маѓутоа, таквите обувки не се баш удобни, а доколку сте навистина ниски, во превисоките штикли може да изгледате смешно. Наместо тоа, изберете ги оние со пониска, коцкаста потпетица.
НАПРАВЕТЕ ВИСОКО КОЊСКО ОПАВЧЕ Правилно одбраната фризура ќе ви помогне да изгледате повисоки. Подигнете ги шишките а остатокот од косата залижете го. Исто така, коњското опавче високо собрано ќе ви го даде истиот ефект. Треба да ги избегнувате натапираните или тн. афро фризури бидејќи ќе ве “проголтаат“.
Извор: lady.mkНе сте задоволни со својата висина? Не грижете се, со помош на неколку едноставни трикови ќе изгледате повисоки отколк

Пронајдете не на следниве мрежи: