„Мојата жена во сон постојано повикуваше некој Стефан“, приказната на ова момче ЌЕ ВЕ ЗАЛЕПИ ЗА СТОЛ!

Милан и Сандра биле во долгогодишна и стабилна врска, не ни претпоставувале дека некој или нешто може да им промени, а особено не еден сон.За некои луѓе соништата претставуваат само нејасни и неповрзани слики, случувања од животот, за други, соновите се водичи кои укажуваат на тоа што е за нив важно во животот.
Некогаш ги забораваме веднаш, а некогаш кога ќе се разбудиме се прашуваме дали тоа беше сон или јаве.
Ние ви пренесуваме една приказна на пар од Белград, чии соништа им се закануваа потполно да им ја уништат врската.
Сандра и Милан во тој период биле во долгогодишна врска, живееле заедно веќе година дена и планирале да се венчаат.
Двајцата биле вработени, врската им била стабилна и убава, едноставно се сакале. Не можело ни да се претпостави дека некој или нешто може да им ја уништи врската, а посебно не сон.
Нејзините сништа биле толку реални што во нив дури и разговарала на глас, а тоа што го кажувала на глас, секој пат правело Милан да се чувствува – отфрлено и заборавено.
Имено, таа буквално секоја ноќ во сон го изговарала името Стефан! Нејзиното момче се обидело тоа да го согледа рационално, но никако не успевало.  Немал идеја од каде баш тоа име, кој е во прашање и зошто баш него го спомнува.
Никој од нивните најблиски роднини и пријатели не се викал така. Ни татко, ни брат, а Сандра немала ниеден пријател кој носи такво име.
Тоа што прво му поминало низ глава била помислата дека девојката го изневерува со некој, а од таквата помисла бил многу тажен, бидејќи ја сакал со сето срце и ништо во нивната врска не укажувало на тоа дека можеби има некаков проблем.
Милан ги познавал нејзините пријатели и колегите од работа, со многу од нив имал пријателски однос, заедно оделе и на патувања и никако не му влегувало во глава каде можела да го запознае Стефан кој постојано го спомнувала на сон….

 
Долго време се мислел дали да и каже нешто, бидејќи сакал малку да истражува. После безуспешното трагање да се обиде да дознае кое е тоа момче, одлучил да се обрати кај психотерапевт за совет.
Психотерапевтот внимателно го ислушал и после неговото излагање го кажал следново: „Господине, бладањето во сон често е неповрзано, поради тоа постои можност да слушнете погрешно. Освен тоа, ако со вас и вашата девојка се е во ред и нема никакви проблеми на јаве, потрудете се така и да остане и не трошете пари и енергија за да размислувате за тоа“.
После разговорот малку како да му олеснало, но не се смирил додека не ја прашал и Сандра.
Едн а вечер пред да си легнат, седнал до неа и и кажал за нејзиното бладање на сон:
„Драга, не се сомневам во нашата љубов, но мораш да ми кажеш кој е тој Стефан чие име скоро секоја вечер го кажуваш на сон?“
Воопшто не се изненадила, го погледнала мирно со блага насмевка на лицето. Во тој момент, него ништо не му било јасно.
– Милан, верувал или не, и сама себе неколку пати се слушнав како го изговарам тоа име, ете мислев дека не ме слушаш. Меѓутоа, тие сонови ми се толку реални што дури и сум свесна за нив – рекла Сандра.
Продолжила да објаснува.
– Откако мојата другарка се породи и доби дете пред 3 месеци, постојано сонувам дека и ние сме добиле син на кој сме му го дале името Стефан – додава.
Кога тоа го слушнал Милан се воодушевил, за момент занемел, а потоа со сета сила ја прегрнал Сандра. Му било мило поради тоа бидејќи со месеци наназад планирал да ја запроси и да се венчаат.
Да ја скратиме приказната, така и се случило…
Милан и Сандра набрзо се венчале, првото дете кое го добиле било девојче,а две години подоцна добиле и момче кое нормално го крстиле Стефан. За некои луѓе соништата претставуваат само нејасни и неповрзани слики, случувања од животот, за други, соновите се водичи кои укажуваат на тоа што

Пронајдете не на следниве мрежи: