Иако во 21 век ни изгледа смешно , но години наназад жените не смееле ниту да помислат да носат одело.
Колку оделата порано биле неприфатливи покажува и фактот дека холивудската дива Кетрин Хепберн морала да влезе во хотелот од влезот за вработените, само заради тоа што носела панталони.
Но, во 1966 година се се промени благодарение на легендарниот Yves Saint Laurent, кој го креираше првото женско одело. Ова токму поради него стана “must have“ парче во секој женски ормар. Женското одело во себе содржи ненаметлива елеганција, но и скриен сексапил.
Оваа пролет се враќа на големата врата. И не е резервиран само за деловните жени. Во комбинација со женствена фризура и црвен кармин, оделото може да изгледа исто гламурозно како и вечерниот фустан.
Иако во 21 век ни изгледа смешно , но години наназад жените не смееле ниту да помислат да носат одело.