МОЌТА НА ЉУБОВТА: Гуска спаси агресивно куче од СМРТ!

Пред да се сретне со љубовта на својот живот, кучето по име Рекс било во голема неволја. Сé се променило кога тој ја сретнал гуската Џералдин.Рекс е куче кого живот воопшто не го мазел. Најголем дел од животот го поминал врзан за ограда на краток синџир во двор. Сопствениците често го тепале, и поради несоодветно воспитување тој прераснал во агресивно куче кое претставувало закана кон животната средина. 
Од злоставувачите го спасиле членовите на организацијата „Puriton Horse and Animal Rescue“ од Сомерсет во Англија. 
Иако несреќното животно не е виновно за неговите проблеми со агресијата, тој не можел да се вклопи во новата средина, па ги напаѓал другите згрижени животни во центарот. Се верувало дека за него нема спас, и бил осуден на еутаназија.
Но сепак, само еден состанок бил доволен да се промени сè и Рекс да добие нова шанса.

Во засолниште Рекс се запознал со Џералдин, гуска која на тоа место дошла бидејки исто како и Рекс, имала проблематичното минато и агресивно однесување. Нејзините сопственици ја донеле во центарот, бидејќи тие не можеле да го издржат нејзиното однесување.
 Кога Рекс и Џералдин се запознале, тие веднаш станале пријатели. Волонтерите се плашеле дека нивната првата средба ќе се претвори во борба, но тие наскоро биле убедени во спротивното.
Тоа било љубов на прв поглед, веројатно затоа што и двајцата делат слично тажно минато. Сега времето го поминуваат во игра и забава, не одвојувајки се еден од друг ниту за една минута – вели сопственикот на засолништа Шила Брешлин.

Моќта на љубовта ги „излечила“ овие две животни и им дозволи да започнат нов живот во засолниште, живот каков што нивните поранешни сопственици немало никогаш да им го обезбедат.Рекс е куче кого живот воопшто не го мазел. Најголем дел од животот го поминал врзан за ограда на краток синџир во двор. Сопствениците често го теп

Пронајдете не на следниве мрежи: