МОН: „Наспроти лицемерие и лажни ветувања, студентите очекуваат конкретни дела“

Министерството за образование и наука (МОН) во реакција на денешната прес-конференција на претседателот на СДММ Стефан Богоев истакнува дека „наспроти лицемерие, лажни ветувања и инфилтрација во политички игри, студентите очекуваат конкретни дела“.
Мерката за студентите што ја промовираше Богоев, според МОН, е обид за политички популизам и собирање дневно политички поени на грбот на студентите.Во реакцијата се нагласува дека со реализираните и тековните активности на Владата со видливи и мерливи ефекти се потврдува оти студентите се и ќе продолжат да бидат еден од врвните приоритети во владината програма за работа.
Владата, наведува МОН, спроведува поширока стратегија со бројни активности и мерки за поддршка на студентскиот стандард и олеснување на студентскиот живот и делување.
– Во изминатите неколку години студентите плаќаат унифицирана и петкратно пониска партиципација за студирање од износите кои ги плаќаа во периодот до 2006 година. На располагање имаат повеќе од 40 различни видови стипендии, за разлика од минатото кога се доделуваат само неколку видови кои се броеја на прсти. Добиваат бесплатен превоз во јавниот сообраќај и бројни попусти при посети на музеи, театри, културни и спортски манифестации. За најдобрите воведено е и наградно патување на атрактивни туристички дестинации, се вели во реакцијата.
Наместо „part time job“ проекти, додаваат од МОН, во собраниска процедура е конкретна законска регулатива со која ќе им се даде можност на најдобрите студенти на петте најдобро рангирани универзитети доколку имаат желба, да се вработат во јавниот сектор, а во меѓувреме, во интерес на студентите и обезбедување соодветен работен ангажман, континуирано се поддржува и поврзувањето на високо образовните установи со бизнис заедницата во земјата.
– Во 2017 година стапуваат во сила и неколку усвоени законски одредби со кои се предвидува намалување на партиципацијата за 50 проценти за студентите од самохрани и еднородителски семејства, се обезбедува парична стимулација за упис на технички факултети, промена на студентски статус, односно, доколку студент запишан на некој од државните универзитети во квотата со кофинансирање, по завршена втора студиска година на прв циклус на студии, по положувањето на сите дотогашни испити, оствари просечна оценка над 8.5, по автоматизам ќе биде префрлен во државна квота, а се воведуваат и стипендии за постдипломски и докторски студии,  наведува МОН во реакцијата.Во реакцијата се нагласува дека со реализираните и тековните активности на Владата со видливи и мерливи ефекти се потврдува оти студентите се и ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: