Мона Лиза е всушност маж?

Италијански специјалист тврди дека маж и жена му позирале на Леонардо да Винчи додека го сликал ремек-делото „Мона Лиза“, соопшти Ројтерс.Која е жената на сликата? Специјалистите сметаат дека тоа е Лиза Герардини, сопруга на трговецот на свила Франческо дел Џокондо од Фиренца.
Силвано Винчети, кој е на чело на италијанскиот Национален комитет за промоција на историското и културно наследство, тврди дека ја истражувал сликата со инфрацрвена технологија и направил клучно откритие во првиот слој.
„Во овој слој таа не е насмеана и среќна, но е меланхолична и тажна“, вели тој.
Според Винчети, вториот модел е Џан Џакомо Капроил, чирак на Леонардо, познат како извесен Салај.
Винченти го споредува лицето од „Мона Лиза“ со други дела на Леонардо, за кои е позирал Салај како „Јован Крстител“. Некои детали се совпаѓаат идеално.
За Мона Лиза, „уметникот користел два модели и потоа додал креативни детали, производ на неговата имагинацијата“, тврди Винчети.
Тој е убеден дека за Леонардо совршениот човек бил комбинација од машки и женски карактеристики. Салај и претходно бил поврзуван со Мона Лиза, но научниците го отфрлија ова тврдење.Која е жената на сликата? Специјалистите сметаат дека тоа е Лиза Герардини, сопруга на трговецот на свила Франческо дел Џокондо од Фиренца.

Пронајдете не на следниве мрежи: