Мона Лиза не е единственото лице на платното на Да Винчи?!

Една од најпознатите слики во светот, чува и повеќе тајни отколку што можевме да замислиме досега, верува францускиот научник Паскал Коте.Како што пишува Би-Би-Си, Коте веќе десет години го анализира чуениот портрет насликан од страна на Леонардо да Винчи, а под слојот на маслена боја успеал да пронајде уште еден портрет и една скица.
„Сега можеме да ја реконструираме хронологијата на настанувањето на сликата“, објаснува Коте, на кого музејот Лувр во 2004 година му овозможи да ги истражува тајните на оваа слика. Инаку, тој е пионер во употреба на техниката под назив метода на амплификација на слоеви (техника ЛАМ), која подразбира проекција на силно светло кон сликата и мерење на рефлексијата на светлината.
Веќе подолго време се расправа за можниот идентитет на жената којашто му позирала на Леонардо за оваа слика, а најзастапено е мислењето дека станува збор за Лиза Џерардини. Паскал Коте тврди дека неговото откритие не ја поддржува оваа теорија дека под површината на денешната слика се наоѓа портретот на Лиза, а дека портретот наречен Мона Лиза прикажува сосема друга жена.
„Кога ја завршив реконструкцијата на Лиза Џерардини, се најдов пред портрет кој е сосема поинаков од денешната Мона Лиза. Тоа не е истата жена“, објаснува Коте, кој додава дека една од сликите под Мона Лиза има поголема глава и нос, поголеми раце и потенки усни.
Сепак, Мартин Кемп, оксфордски историчар на уметност, не е убеден дека ова е вистина.
„Коте можеби сака да објасни како размислуваше Леонардо. Но, идејата дека под површината на сликата се крие некоја друга е незамислива“.
„Помалку или повеќе, јас на ова гледам како на процес на еволуција на сликата. Потполно сум сигурен дека тоа е Мона Лиза, односно Лиза“.Како што пишува Би-Би-Си, Коте веќе десет години го анализира чуениот портрет насликан од страна на Леонардо да Винчи, а под слојот на маслена боја

Пронајдете не на следниве мрежи: