Монголија и Ирак се најбрзорастечки земји

Ако се погледнат статистиките за најбрзорастечки земји, државите од Европа не можат ни да се приближат до првите 20 места.

Business Insider состави една таква листа, на која се најдоа земји како Монголија, Ирак, Гана и Етиопија.
 
Главен критериум се прогнозите за раст за периодот 2013-2015.
 
Најновата скала на Business Insider, ја покажува релативноста на вредностите на економскиот раст набљудувано низ призмата на општо добро.
 
Владејачките и бизнис елитите, како и странските инвеститори, можат да го собираат богатството и да го туркаат растот на БДП преку 10 отсто, но тоа не значи дека поголемиот дел од населението нема да остане под нивото на сиромаштија.
 
Оваа листа покажува дека Африка повеќе не е загрозениот континент, туку напротив повеќе африкански земји покажуваат пораст, а на листата од 20 земји, дури 11 се токму од тој континент.
 
Но, останува прашањето дали растат само новите бизнис елити или општествата во целина?
 
1.МонголијаМалку неочекувано, на прво место на оваа топ листа е Монголија, земјата која помина транзиција кон капитализам. Заслужни за нејзиниот раст се рударството на бакар, злато, уран, јаглен и ретки метали како волфрам. Тие и се посебно интересни на соседната исто така брзорастечка економија Кина. Извозот на стоки во Кина и приливот на странски инвестиции се главен извор на економскиот раст на Монголија. Прогнозата за раст за следните три години е +13,6 отсто.
 
2.ИракИзвозот на нафта се враќа на ниво од пред војната, поставени се принципи на слободен пазар, се развива инфраструктурата. Се очекува странските инвестиции да пораснат откако ќе се повлечат американските трупи.Прогнозата за раст за следните три години е +12,23 отсто.
 
3. Источен ТиморГлавен извор на раст се нафтата и земниот гас, Но, засега други извори нема, а новата држава е уназадена од војната за независност од ИндонезијаПрогнозата за раст за следните три години е +10,63 отсто.
 
4. Сиера ЛеонеМинатогодишниот раст изнесуваше запрепастувачки 25 отсто, но со оглед на разурнатото на земјата од војната, тој раст значи едвај одлепување од нултата точка. Сиера леона е се уште многу сиромашна земја, а рудниците на дијаманти со кои располага барем за сега не се причина за колење, какво се случи на почетокот на овој век.Прогнозата за раст за следните три години е +9,54 отсто
 
5. КинаКако најголем извозник и втора економија на светот не е изненадување што е на оваа листа, но прашање е дали ќе се одржи таму. Отворањето кон светот и преминот од планска пазарна економија засега даваат добри бројки, но како проблеми се наведуваат стареењето на населението, се помалку обработливи површини, ниската домашна потрошувачка и неурамнотеженост на развојот во регионите. Како позитивно се наведува работата на алтернативни извори на енергија, како сончевата.Прогнозата за раст за следните три години е +8,77 отсто
 
6. МозамбикПоловина од владиниот буџет се полни од меѓународна, а поголемиот дел од населението живее под границата на сиромаштија. БДП зависи од цените на алуминиумот. Во моментот се високи.Прогнозата за раст за следните три години е +8,73 отсто
 
7. ГанаОколу половина од БДП на оваа, според примањата на граѓаните средна африканска земја, го прави релативно добро развиениот сектор на услуги. Причина за оптимистичките прогнози на идниот раст се индустријата на нафта, злато и какао. Но, дури и раков робусен економски раст засега ја неутрализира високата инфлација. Прогнозата за раст за следните три години е +8,15 отсто
 
8. ЛаосОколу 75 отсто од работоспособното население во лаос преживува од одгледување животни и обработка на земја и тоа дава 35 отсто БДП. Но, во последните 20-тина години сиромаштијата е намалена со странски инвестиции во хидроенергија, рудници и градежништво. Прогнозата за раст за следните три години е +8,08 отсто
 
9. АнголаКако членка на ОПЕК, оваа држава околу 85 отсто од БДП го остварува низ индустријата на вадење нафта. Но, сепак, се работи за земја разорена од војни чии потенцијали ни одблизу не се искористени, а голем дел од населението и понатаму живее во беда. Прогнозата за раст за следните три години е +8,08 отсто
 
10. ЕтиопијаИако растот на БДП е еден од највисоките, кога се гледа БДП по глава на жител, Етиопија е на глобалниот врв. Главнината е од извоз на кафе. Интересно, според Уставот од 1995 година сета земја во Етиопија е државна, а иако преку 40 отсто БДП го прави земјоделството, земјата има проблеми со храна.Прогнозата за раст за следните три години е +7,96 отсто
 
11. ДР Конго +7,92 отсто 12. Руанда +7,88 отсто13. Гамбија +7,85 отсто14. Узбекистан +7,62 отсто15. Шри Ланка +7,54 отсто16. Панама +7,50 отсто17. Замбија +7,46 отсто18. Танзанија + 7,48 отсто19. Камбоџа +7,39 отсто20. Уганда +7,27 отсто
 
Макфакс
Ако се погледнат статистиките за најбрзорастечки земји, државите од Европа не можат ни да се приближат до први

Пронајдете не на следниве мрежи: