Морбидни прогнози на климатолозите: ПЛАНЕТАТА ПРОПАЃА, МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ САХАРА!

Експертот за климатски промени, Никола Стерн, предупредува дека светот се движи кон пропаст. Ова би можело да се избегне доколку се преземат итни мерки со кои би се спречил порастот на температурата.Стерн објаснува дека во последните десет милиони години не е забележан толку голем пораст на температурата на Земјата, а дека човековиот род кој се појави пред само 250.000 години никогаш досега не живеел во свет кој е потопол за четири степени.
Во последните 8.000 години, последната просечна температура е скоро константна, со мали осцилирања помеѓу 1 и 1,5 степени. Таквата климатска стабилност го овозможила одгледувањето на житните култури, занимавањето со земјоделство на постојаните имоти и населувањето на населението по селата и градовите.
Врз основа на научните студии, Стерн направи слика од светот при услови на поголема просечна температура која би се зголемила за четири степени. Јужна Европа би се претворила во Сахара, а африканската пустина би се проширила кон југ со што би се предизвикале катастрофални последици – посебно за Нигерија.

 

Снегот би исчезнал од Хималаите, што би довело до промена во коритата од реките и правецот на водените токови од кои зависат две милијарди луѓе. Ни американскиот континент не би бил поштеден, посебно Андите и Карпестите планини.
Шумите како што е Амазонскиот басен, би биле погодени со пустошење и исчезнување на илјадници видови кои не би и оддолеале на климатската промена. Ураганите, бурите и циклоните би станале честа појава. Нивото на морето би се кренало. Пред три милиони години, кога температурата на планетата била повисока за три степени, отколку во 19. век, нивото на морето беше повисоко за 20 метри отколку што е денес. Растот на нивото на морето од два метри во однос на сегашното, би приморало 200 милиони луѓе да се преселат.
Ова сценарио би можело да се случи пред крајот на столетието, тврди Стерн.Стерн објаснува дека во последните десет милиони години не е забележан толку голем пораст на температурата на Земјата, а дека човековиот род кој се

Пронајдете не на следниве мрежи: