МОРБИДНО: Два дена пред да почине, професорка од Правен факултет добила СМС порака во која пишувало…

Професорка од Правниот факултет во Крагуевац, два дена пред да почине добила СМС порака во која се наведува дека починала. И на други професори и асистенти од овој факултет  2 години по ред, им стигале пораки чија тема била смрт или нивно страдање. Правниот Факултет во Крагуевац јавно побара од Републичкиот јавен обвинител „полицијата и надлежните конечно да го расветлат овој случај и да откријат кој стои зад анонимните пораки со одвратна содржина, кои во текот на 2011 и 2012 година се испраќани на адресите на голем број професори и асистенти од Правниот факултет во Србија.“- Два дена пред да почине, на професорката и на нејзините колеги им стигнала порака дека таа починала – соопшти Правниот Факултет.
На факултетот даваат објаснување дека околу 20 професори  две години добивле пораки: „Кога ќе умреш, сакаш да те закопаме во Белград или Крагуевац?“
Проф. Д-р Ненад Ѓурѓевиќ, ВД декан на Правниот факултет објаснува дека летото 2012 година една од професорките добила најава дека ќе умре, а нејзините колеги со СМС порака известени се за нејзината наводна смрт.
– Професорката утредента ја извести полицијата за пораката и поднесе кривична пријава. Навистина почина 2 дена подоцна. Тоа не е единствен пример. Колегите многу пати досага добивале пораки дека починал некој од факултетот. Потоа оние кои добиле таква порака им ѕвонеле на телефон на семејствата на  наводно починатите и им изразувале сочувсто, притоа вознемирувајќи ги. Се случуваше група колеги да добијат порака: „Во болница сум имав инфаркт“ наводно од нашиот заеднички колега кој е жив и здрав. На некои од колегите им ѕвонеле доцна навечер и на малолетни деца на некои од професорите им зборувале одвратни работи преку телефон. Еден професор за тие 2 години доби околу 350 заканувачки меилови – објаснува проф. Д-р Ѓурѓевиќ.
Тој вели дека на почетокот на годината, професорите барале факултетот како институција, јавно да им се обрати на надлежните бидејќи во прашање се закани упатени на поголем дел од колективот.
– Постојат сомневања дека тоа го правел некој од факултетот . Ако тоа излезе дека е вистина, виновникот ќе добие отказ. Ако е некој од страна, важно ни е зошто тоа го правел и на кого му било важно на тој начин да го сруши факултетот одвнатре, – вели проф. Д-р Ѓурѓевиќ.

 
Заканувачките пораки престанале да стигнуваат кон крајот на 2012 година, малку после смртта на споменатата професорка, велат од факултетот.  Сепак постои сомнеж дека и понатаму пристигнуваат, но професорите немаат храброст да зборуваат за тоа. Во текот на 2011 и 2012 година, стигнувале пораки и меилови на професори кои работат и на друг факултет во Крагуевац., дури и на факултетите ширум Србија.  Темата на пораките била смрт, или страдање на професорите од крагуевскиот Правен факултет.
Полицијата поради пораките со содржина „ќе загинеш или ќе умреш“ кон средината на 2012 година го известила Виското обвинителство за високотехнолошки криминал во Белград.
Професорот од правниот факултет во Кргуева кој сакаше да остане анонимен тогаш изјавил дека примал пораки во кои го нарекуваат „лудак“, „болен случај“, а за неговата наводна смрт ги известувале колегите со спомнување на телефон на студентите кои за време на погребот ќе даваат информации.- Два дена пред да почине, на професорката и на нејзините колеги им стигнала порака дека таа починала – соопшти Правниот Факултет.
На

Пронајдете не на следниве мрежи: