Морничав телефонски повик: „Вашиот син не е мртов, продаден е во Швајцарија“

Жената која ми се јави ми рече: „Дали е тоа Ранка Студиќ, бегалец од Сараево која се породила во Јагодина, 7 јули 1992 година во шест часот навечер? Вашето дете е живо, неговото име е Ратко и живее во Швајцарија, продаден е на семејство со високи примања“, вели несреќната жена.Ранка (46) и Здравко Студиќ (50) од Сараево, како гром од ведро небо ги погоди еден анонимен телефонски повик во кој некоја непозната жена тврди дека нивниот син – кој наводно умрел при раѓањето – е жив и дека се наоѓа во Швајцарија каде е продаден на луѓе кои живеат таму.  
Судбинскиот повик се случил во 2009 година. Од тој момент во семејството Студиќ се родила нова надеж. Овие денови Швајцарскиот неделник „Blik“ ја објави нивната потресна приказна, со цел да се информира тамошната јавност, за да се дознае нешто повеќе за синот кој денес би требало да има 21 година.
– Многу тешко го поднесувам ова, уморна сум психички бидејки постојано ги следам форумите, страниците и се што пишува во медиумите. Многу луѓе се приклучија во врска со нашата проблематика, така да верувам во добрите луѓе, и се надевам дека некој кој ќе го прочита ова и дознае нешто повеќе ќе се јави, – вели Ранка.
Жената која ми се јави ми рече: „Дали е тоа Ранка Студиќ, бегалец од Сараево која се породила во Јагодина, 7 јули 1992 година во шест часот навечер? Вашето дете е живо, неговото име е Ратко и живее во Швајцарија, продаден е на семејство со високи примања“, вели несреќната жена.
Непознатата жена веднаш ја спушти слушалката без да се претстави ниту пак да каже нешто повеќе околу тоа.
– Ранка која цело ова време верувала дека нејзиното дете е живо, вели дека на никого не му спомнувала за часот, кој во далечната 1992 година го видела на големиот часовник во болницата каде се породила.
„Тоа е некоја жена  која сигурно знае или учествувала во моето породување. Нејзиниот глас беше уморен и звучеше болно. Или сакала да се ослободи од грижата на совест, или нешто и се случило во семејството па решила да си ја ослободи душата.“
Тој ден, 7-ми јули бил државен празник, и имало малку болнички персонал, но одеднаш околу неа се насобрале 4-5 вработени, така што Ранка се уплашила помислувајќи на најлошото. Нељубезната сестра и земала крв со објаснување дека треба да ја утврдат крвната група во случај да и притрба инфизија  на породувањето.
Кога се породила, слушнала дека бебето плаче, дека „мјаука како маче“ – како што таа вели, само му го видела ноџето, папочната врвка и крв…

 
Сакала да го види бебето
Од десна страна ми пријде медицинската сестра ими рече да се потпишам, а од левата страна ми ставија инекција. Следниот пат кога се разбудив бев во соба полна со родилки – вели Ранка која се сомнева дека во болницата и подметнале да потпише документ со кој се одрекува од новороденчето.
Една вечер се обиде да го види бебето, но ја спречија – продолжува Здравко.
„Слушнала гласови како некој вика „Леле го пронајде“ и веднаш дошле и и ставиле инекција за спиење. Во болницата помина 3 дена неможеше да ги отвори очите, а за тоа време и го испумпаа млекото. Зошто би го правеле тоа ако не му го давале на бебето? Таа им била потребна додека некој не дојде по детето најверојатно,“ – вели сопругот на Ранка.
Мајката на Ранка и нејзиниот помал брат после неколку дена дошле по неа и на инсистирање на мајката ја пуштиле, бидејќи можела да искрвари во болницата.
– Во Босна се врати целосно исцрпена, имаше околу 2 милиони црвени крвни зрнца – опишува Здравко, кој Ранка веднаш ја префрлил на Соколац каде е направена ревизија. Докторот Седлар, кој ја водел нејзината бременост од самиот почеток, кога ја видел отпустната листа од болницата во Јагодина, дека тоа е чиста глупост и дека тој лист можат да го фрлат, бидејќи нејзината бременост била нормална, – вели Здравко.
– Што можевме да направиме кога беше војна, кога немавме пари, немавме некој кој ќе ни верува кога бевме несреќни бегалци, – се сеќава семејството Студиќ, кои се надеваат дека еден ден сепак ќе го пронајдат својот син Ратко.

 
Тешко е да се докаже вистината во Србија
За разлика од својата сопруга, Здравко не се надева премногу бидејќи знае како исчезнувале децата во тоа време и дека постоела афера за „Беби мафија“.
– Не сакаме на никој да се повикуваме, ни државата ниту лекарите, но да ја докажете вистината во Србија е навистина тешко, особено за обични луѓе и после толку многу години. Сите ние ја сакаме Србија, но знаеме колку е тешко да се докажат некои факти, а па камоли нешто вакво, – вели Здравко.
Ранка исто така нема премногу надеж за било што да прави во Србија, бидејќи и другите жени кои доживеале нешто слично на ова, не можеле ништо да докажат.
– Едноставно го барам својот син и не барам ништо друго од никој ниту пак барам виновник. Се најдов во погрешно време на погрешно место, не само јас туку 3-4 илјади мајки, државјанки на Србија, кои ги бараат своите деца – вели Ранка Студиќ.
Апел
Во интервјуто за швајцарски „Blik“ Здравко изјавил „Верувам дека нешиот син го зеле Срби кои живеат во Швајцарија, бидејќи името Ратко кое жената го наведе е типично српско. “ Blik наведува дека овој пар повеќе од се сака да дознае нешто повеќе за својоот син, како живее и како му оди, и ги повикува Швајцарците да се јават и помогнат на семејството Студиќ. На Фејсбук исто така е отворен профил „Tvoje dete je zivo“ за сите кои нешто знаат за Ратко.Ранка (46) и Здравко Студиќ (50) од Сараево, како гром од ведро небо ги погоди еден анонимен телефонски повик во кој некоја непозната жена тврди де

Пронајдете не на следниве мрежи: