Корисник на „Редит“ под името ChrisNelson93 споделил со форумџиите случка која од корен му го променила животот.„Случката која ќе ви ја опишам ми се случи синоќа и сеуште се тресам. Најпрвин би сакал да ви се претставам- јас сум обичен работник од Америка. Ноќе работам во Тексас, но куќата ми е во Луизијана, такада секој ден возам час и половина до и од работа. Кога одам на работа секогаш застанувам кај една бензиска пумпа каде земам Редбул и кутила „Камел“. Толку долго често навратувам таму што касиерката ме знае дури и по име. Ја знам и јас неа- се вика Пем.“
Колку пати и да навратував таму, никогаш не го користев тоалетот на таа бензиска пумпа. Меѓутоа синоќа јадев такоси кои очигледно не ми влијаеа добро на стомакот.
Почувствував како стомакот силно ми крчи и се стрчав до тоалетот.
Додека седев на шолјата чув како некој влегува во тоалетот. Не обрнував внимание на тоа се додека низ просторот на дното на вратата не видов стапала кои стоеа директно пред мојата кабина. Забележав дека е во прашање жена, бидејќи носеше сандали со цветчиња. Меѓутоа стапалата и беа ужасно валкани- како да не се туширала минимум месец дена. Седев така во тишината, чекајќи жената да чукне на вратата за да и кажам дека е зафатено, меѓутоа таа само стоеше пред неа во потполна тишина.
„Кој е таму?“- прашав, обидувајќи се да звучам опуштено. Од другата страна случнав некој шепот, но никако не можев да разберам што зборува жената. Почна да ми станува непријатно, но претпоставив дека е некоја несреќна бескуќница која се мрднала од умот.
„Кабината е зафатена“- и реков жестоко изнервиран.Тогаш полека чукна на вратата два пати. „Реков зафатено е!“. Повторно чукна два пати.Ме извади од такт!
„Госпоѓо!“ и викнав да и кажам да престане, но таа мене ме прекина со страшно лупање по вратата. Звучеше како да удира со чекан. Траеше долго а за тоа време и шепотеше нешто…
Во тој момент почувствував мешавина од страв и лутина. „Во што е твојот проблем бре?“- и викнав. Таа продолжи со лупањето по вратата. Слушнав и некое мљацкање. Потоа конечно проговори… „Пушти не внатре. Пушти не внатре“. Мљацкањето и лупањето стана доста гласно.
„Остави ме на мира лудачо“!- и викнав. И во моментот навистина престана.
Од просторот под вратата видов дека се тргна накај ѕидот, подалеку од мојата кабина.
Се потпре на ѕидот и одеднаш седна доле наспроти мојата врата.
Чекав некои 5 минути за било што да се случи, но бидејќи ништо не кажа станав, ги облеков панталоните и тргнав да ја отворам вратата. Рацете ми се тресеа а си го чув и сопственото отчукување на срцето. Не смеев ниту да помислам што ќе се случи кога ќе ја отворам вратата…
Нервозно излегов и фрлив поглед кон неа. Жената седеше потпрена на ѕидот и ме гледаше со морничава насмевка. Крв и течеше по целото лице- очигледно тоа лупање по вратата го направила со сопствената глава. Сепак, беше свесна.
„Што не е во ред со тебе?!“, ја прашав. Само гледаше во мене.
Одеднаш, ми падна жал. Посегнав по тоалет хартијата и тргнав да и ја избришам крвта од лицето. Само гледаше во мене без зборови, не тргнувајќи ја морничавата насмевка од лицето.
Се загледав малку подобро- заклучив дека има околу 22 години и убави лице, ако ја занемариме крвта на него. Но, тие очи, беа ужасно морничави. Гледаше низ мене, но како навистина да гледаше низ мене- беа потполно празни.
Продолжив да и го бришам лицето, а потоа конечно проговори. „Зошто не не пушти внатре?“. Тогаш веќе почувствував страв, па саркастично и реков- „Не очекував друштво, па немав време да се припремам“. Очекував барем дека ќе се насмее, но ништо. И понатаму празно гледаше во мене.
Завршив со бришењето и сакав да и помогнам да стане, кога повторно проговори- „Ќе сакаш ли сега да не пуштиш внатре?“. Тргнав да и одговорам но одеднаш извади скалпер и сакаше да ме исече за вратот но за среќа ја дигнав раката па ми го исече зглобот.
Не стигнав ниту да се освестам, ниту да се одбранам, а видов и како со истиот тој скалпер си го сече лицето, притоа смеејќи си се. Никогаш нема да го заборавам тој звук- како со нож да поминува низ сирово подготвен бифтек.
Гледав во шок и стоев… Таа ми возвраќаше на погледот, смеејќи се и сечејќи се по лицето. Ги сечеше усните, јазикот… Потоа се освестив и почнав полека да одам накај вратата.
„Господе помогни ми“- извика со болка во гласот, додека крвта и течеше од сите страни. Ме погледна… Како да бараше помош…
„Како да ти помогнам?“, ја прашав низ солзи. Само кажи ми како и ќе направам се. Неможев да верувам што ми се случува. Се беше толку нереално. Повторно ја прашав како да и помогнам.
„Пушти не внатре“- ми одговори со истиот смирен и детски глас.
Во истиот момент конечно повторно си дојдов при себе. Целиот крвав, излегов од таму и отидов дома. Штом стигнав веднаш истрчав кон тушот каде час и половина не престанав со плачење….„Случката која ќе ви ја опишам ми се случи синоќа и сеуште се тресам. Најпрвин би сакал да ви се претс