Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 14:10 часот се случила на булеварот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Мерцедес“ управуван од Г.С. (46) и мотор „Пијаџа“ со кој управувал 41 годишниот Е.С. од Скопје.
Во несреќата со тешки повреди се здобил мотоциклистот кој бил пренесен и задржан на лекување во Ургентниот центар во Скопје.
Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.
 Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Мерцедес“ управуван од Г.С. (46) и мотор „Пијаџа“

Пронајдете не на следниве мрежи: