Можеби не сте знаеле, но токму ВАКА ве гледа вашето бебе!

Проф. Свејн Магнусен од Универзитетот Осло, 15 години истражувал дали новороденчињата можат да ги разликуваат човековите изрази на лицето, но сѐ досега никој немал соодветни алатки за истражување.Подвижна слика
Благодарение на техниките за симулација и мноштвото информации од претходните истражувања за видот кај новороденчињата, шведските научници успеале да реконструираат како бебињата не го гледаат светот. Ново истражување покажало дека на оддалеченост од 30 центиметри, бебињата се напрегаат да видат израз на лице, но можат да видат само замаглена слика.
Истражувачите покажале дека бебињата стари 2-3 дена можат само да го видат лицето и можеби некој емотивен израз на лицето и тоа на оддалеченост од околу 30 центиметри, што е отприлика оддалеченоста помеѓу лицата на мајката и бебето за време на доење.
Ако таа оддалеченост се зголеми на 60 центиметри и повеќе, сликата којашто ја гледа бебето се замаглува и тоа не може да нечие лице или израз.
Магнусен истакнал дека претходните истражувачи користеле фотографии и посочил дека е полесно да се препознае некој што се движи, отколку замаглена и неподвижна слика.
„Нашата идеја беше да користиме подвижна слика“, истакнал Магнусен.
Токму затоа, истражувачкиот тим на Магнусен ги снимиле промените во изразите на лицето кај луѓето и ги искомбинирале со информациите кои новороденчињата не можат да ги обработат.
Имитираат изрази на лице
Тие потоа им ги пуштиле снимките на возрасните учесници во истражувањето. Идејата била ако возрасните не можат да препознаат израз на лице, тогаш можеме да бидеме сигурни дека нема да можат ниту новороденчињата.
Учесниците го погодиле изразот на лицето на оддалеченост од 30 центиметри. Меѓутоа, со зголемувањето на оддалеченоста, повеќе погодувале. Тоа значи дека едно новороденче може да препознае израз на лице што се базира на визуелна информација на оддалеченост од 30 центиметри.
„Нагласувам само дека испитавме што едно новороденче може да види, а не дали тоа му има смисла“, истакнал Магнусен.
Истражувачите велат дека ова може да ги објасни тврдењата дека новороденчињата можат да ги имитираат изразите на лицето на возрасните во првите денови и недели од своите животи, многу пред нивниот вид доволно да се развие за да можат да ги видат деталите во својата околина, пренесе британски „Телеграф“.
Истражувањето го спровеле научниците од Институтот за психологија на Универзитетот Осло, во соработка со колегите од Универзитетот Упсала и компанијата „Еклипс оптикс“ од Стокхолм, Шведска.Подвижна слика
Благодарение на техниките за симулација и мноштвото информации од претходните истражувања за видот кај ново

Пронајдете не на следниве мрежи: