Мукоски: СДСМ ќе изгуби посилно отколку во 2014 година зашто по секој основ ја руши државата

Собранието на Република Македонија попладнево расправа за избор на преодната влада која треба да ги организира предвремените парламентарни избори на 11 декември.Во реплика пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ побара конечно во Македонија да се случат избори.
– Дајте конечно да видиме избори во Македонија. Две години правите бај-пасови да ги избегнете изборите. Не се чувствуваме добро кога овој законодавен дом ќе се распушти па повторно треба да се собере. Граѓаните не ги радува тоа, рече Ѓорчев.
Тој му порача на Сугарески дека за еден месец СДСМ ќе има огромни проблеми, бидејќи, како што рече, ќе треба да им каже на општинските организации дека нема добитни места на листите за нив зашто треба да ги даде на ЛДП, Шарената револуција, Мухамед Зекири,….
– Со сета ујдурма што ја направивте ефектот ќе ви биде да ги мотивирате граѓаните да излезат на избори и да ве победиме со повеќе од 250 илјади гласови разлика, рече Ѓорчев.
Неговиот сопартиец Крсто Мукоски рече дека не е никаков проблем ниту изборачкиот список, контролата на медиумите, работењето на СЈО, туку стравот на СДСМ да излезе на избори и да се соочи со народот.
– Се сомневам дека на 11 декември ќе излезете на избори и верувам дека повторно ќе се обидите да ги избегнете. Доколку излезете на избори народот ќе ви покаже дека вашиот аболициран претседател мора да замение во историјата. Ќе изгубите посилно отколку во 2014 година бидејќи во изминаиот период по секој основ ја рушите државата, рече Мукоски.
Во контра реплика Сугарески порача дека на 11 декември ќе одат на избори за да се казни се што направила власта доега.
– На 11 декември повеќе од сигурно ќе одиме на избори за да не дозволиме да се случува она што се случуваше досега, рече Сугарески.
Реплицирајќи на говорот на Сугарески, пратеникот Амди Бајрам рече дека шест месеци слуша „разни циркуси“ и оти на 11 декември народот ќе ги казни.
– Народот знае за кого гласа и гледа колку сте придонеле кога сет ја воделе државата и и ќе ве казни на 11 декември, рече Бајрам.Во реплика пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ побара конечно во Македонија да се случат

Пронајдете не на следниве мрежи: