Мултимедијален хепенинг во општина Кисела Вода

„Мултимедијален хепенинг на отворен простор“ се одржа денес во паркот Македонија во општина Кисела Вода. На ова ликовно-музичко случување, учесници беа ученици од сите основни училишта во општина Кисела Вода, од ДУРДМОВ ,, Димитар Влахов “, од ПОУ ,, Златан Сремец “ и дечиња од ,, Дневен центар за деца од улица “ кој е во склоп на ЈДГ ,, Весели цветови “ – објект ,, Сончоглед “. Во организација на Секторот за образование предучилишно воспитување, култура и спорт, дечињата сликаа на штафелаите на слободна тема која им овозможи послободен пристап во ликовното изразување во комбинирана техника темпера со поликолор. Паралелно, учесниците на мултимедијалниот хепенинг настапуваа со музичко-ритмички точки.
Општина Кисела Вода годинава по шести пат го организира Мултимедијалниот хепенинг на отворен простор. Истиот е дел од Програмата за култура, културни манифестации и творештво за 2016 година и има за цел да овозможи креативно и забавно дружење меѓу учениците.Во организација на Секторот за образование предучилишно воспитување, култура и спорт, дечињата сликаа на штафелаите на слободна тема која им овозмо

Пронајдете не на следниве мрежи: